Таг: тепачка

Ја имаме фудбалската тепачка на годината

Освен што е позната по тангото, догата и необичната скара, светот ја знае Аргентина и по страшната страст кон фудбалот која често ги преминува границите на пристојноста. Тепачки на терените во оваа земја се редовна слика.

Овде работите се целосно излезени од контрола

Ако некоја фудбалска влада размислува да ги зацврсти казните за недисциплинираните фудбалери, нека го погледне ова видео па можеби ќе добие идеја плус. И втора работа. Каде е полицијата?

Окафор враќа на улични провокации

Најдобриот кошаркар на Филаделфија ’76, Џалил Окафор (18,4 поени по натпревар) уште еднаш покажа дека не трпи многу да му трубат за очајните игри на Сиксерси во НБА лигата.

Бразилците се тепаат и кога слават титула

Во Јужна Америка често пати работите на фудбалски натпревар излагуваат од контрола. Така беше и во еден понизок ранг каде во финалето Форталеца стана првак со гол во последните мигови од средбата. Судијата свирна крај, а тоа беше почеток за војна на теренот.

Чест секому, бод никому во Берлин

Кај нас велат дека најтешко и најнезгодно гостување за секој нисколигаш е она во струшкото место Велешта. Сепак, таму никогаш не се случил инцидент како во Вилмерздорф периферијата на Берлин, каде фудбалер остана без око.

Од грчко-римски стил до улична тепачка

Видеово доаѓа од Владивосток, каде универзитетски турнир во борење ескалираше во улична тепачка. На крајот и двајцата борачи се дисквалификувани од турнирот.

Насилното видео кое го криеа Грците

Лудата снимка е од грчки аматерски меч меѓу екипите на Астерас и Херкулес одигран во 2013 година, а според 101greatgoals не требала да се објавува. Денеска се појави на јутјуб со комична музика.

Сеирџиска тепачка меѓу ривали од Лондон

Иако на почеток изгледа дека се разделени на две страни од пругата, навивачите на Челси и Тотенхем се измешани. Видеото најверојатно е по финалето од Лига купот, на кое додека ќотек најмногу јаде само еден навивач на Челси, другите пукаа сеир се додека не дојде полицијата.

Најлошо е да се биде во средина на тепачкава

30 рагби аматери од Франција како едвај да чекаа да го слушнат свирчето на судијата за старт, за да се измлатат. Четворица веднаш беа набркани, а уште двајца поради груба игра за време на мечот. 

НХЛ тепачка на трибини

Судирот е поради истурено пиво, а се случи за време на хокеј дуелот меѓу Сенаторс и Торонто Мејпл. Ете зошто ривалите треба да седат на различни трибини.

Најпознатите НБА тепачки во последните 20 години

Новата сезона во НБА почнува на 28 октомври, а тензијата на паркетот почна уште во подготвителните натпревари. Низ историјата се тепаа: Ален Ајверсон и Денис Родман, Чарлс Баркли и Чарлс Оукли, Мајлк Џордан и Реџи Милер и Шек против сите.

Професионално јадење ќотек

Компилација со ММА тепачи од клучните моменти кога само едниот останува на нозе, а другиот неприкосновено се приковува за патос. Без нечкање и танцување по терен, чисти нокаути.

Руско тинејџерско млатење

Вакви слични видеа со насилство сме објавувале повеќе пати, но не се сеќаваме на таков Брус Ли како момакот со бел дрес со број 12. Актерите се инаку младински фудбалери на екипите на Днепр Смоленск и Локомотив Москва.

Кога соблекувалните ќе станат ринг

Претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи побара доживотна забрана за настап на Брандао, фудбалерот на Бастија кој викендов намерно со глава му го скрши носот на Тијаго Мота.

„Љубовниот тепих" на Хемингвеј

Денешните стандарди за убавина велат дека згоден маж е оној чии гради се тасма депилирани. Но во времето на Хемингвеј да му кажеш некому дека не е доволно влакнест било удар по неговата машкост. Кога истото било поврзано и со критика на нечиј книжевен стил, тогаш тоа станувало причина за физичка пресметка.

Дивјачки однос на младински фудбалери

Репрезентативците на Мексико и Северна Ирска У16 си влегоа со клоци и боксови без ич да не им чуе за последиците. Групната тепачка се случи во 57 минута, а мечот заврши 2:1 за Ирците кои добија еден, а Мексиканците три црвени картони.

Навивачките тепачки станаа спорт

Навивачите и онака редовно се кршат од ќотек каде и да стигнат, па зошто тоа да не се прави организирано во ринг и пред камери? Тоа им текна на Летонците кои неодамна во Рига организираа "Team Fight Championship".

Пожарникари и џандари се искршија на хокеј

Полицајците и пожарникарите од Њујорк секоја година одигруваат хокеј натпревар од хуманитарен карактер и помеѓу нив постои големо ривалство. Пожарникарите победуваа последните пет години, а овој пат изненадија полицајците, но последниот хуманитерен натпревар падна во сенка на општата тепачка.

Клоци, боксови, столче и полицајци сеирџии

Најголемиот хаос изминатово коло се случи на нисколигашки натпревар во Италија помеѓу екипите на Гулијана и Виртус Виола. Први влетаа тројца навивачи кои потоа беа уапсени, а за време на тепачката полицајците беа само гледачи.

Навивачи ќе го финансираат најомразениот ривал

Двајца навивачи на Келн ќе му платат 100.000 евра на ривалот Баер Леверкузен заради скршен нос на фудбалер од пред две години.

Фамилијарна хокеј тепачка

Неверојатна сцена од натпревар од холандската хокеј лига. Откако изби тепачка на трибините и еден гледач беше нападнат од повеќе противници, двајца негови синови се обидоа да му помогнат. Едниот играч, а другиот судија на натпреварот. Баш штета што успеаа да ги додржат.

Хокеј ферка еден на еден

Тепачките во хокеј не се ништо ново, но оваа е посебна, со голи раце, без кациги, но и со завршна гушка.

Зоран Предин премиерно во Офсајд

Трендо го објавува кога ќе му начека песна, Илина го објавува кога ќе му начека книга, а еве го начекавме и ние. Познатиот словенечки рокер натепа судија по натпревар од кошаркарскиот Еврокуп во Љубљана.

Масовна суспензија на фудбалери

Најпознатото уругвајско дерби кое се одигра пред три дена имаше и трето полувреме во кое се случи масовна тепачка, а за тоа ќе одговараа дури деветмина играчи.