Таг: сони

Објавени техничките спецификации за Плејстешн 5

Многу скромно и многу од што се мора, Сони објави видео кое инаку би било дел од цела конференција околу следната верзија на Плејстешн. За сега објавени се само бројките, ама ништо од дизајнот на следната генерација.

За Стен Ли сè најдобро, за пиар

Човекот почина минатата година во ноември, за неполна година подоцна ќерка му да излезе со изјава “никој не можеше да го третира татко ми полошо од директорите на Марвел и Дизни“.

Кој сака да биде хакнат како Сони?

Моментално на интернет има повеќе илјадници луѓе кои можат која било компанија да ја хакнат со исто ниво на штета како што тоа минатата година му се случи на Сони Пикчрс. Во ова главно ги спречува цената на софтверот потребен за ваквиот потег.

Рецензија на Вокменот на Сони од 1.119 долари

Сони стварно извади нов Вокмен, на кој сличноста со стариот му е само во името (официјален назив Sony Walkman ZX2). Вокменот стварно чини 1.119 долари и преполн е со секакви опции. Луѓето од Noisey имаа шанса да го пробаат и да ги разгледаат опциите.

Теоријата на завера за хакирањето на Сони

По теркот на секоја природна и човечка катастрофа што ги зафаќа САД, случајот со упаѓањето во системот на Сони конечно го доби одамна заслужениот сегмент - луѓе што веруваат дека целата работа е завера на Владата, ФБИ, медиумите, масоните...

Корпоративен кукавичлук

По повод сите случувања околу Интервјуто и последователната реакција на Сони и уште неколку компании, Џорџ Р.Р. Мартин реши да напише нешто на својот блог. Сумирано - не ми се верува колку уцвикавте.

Сони ја откажа кино премиерата на Интервјуто

Прво им понуди на кината сами да одлучат дали ќе го пуштаат филмот. Откако кината масовно се решија да не го пуштаат, Сони одлучи да го повлече закажаниот датум за премиера и да чека да минат божиќните празници.

Сони под "нова управа"

Откако десетина дена на интернет пуштаа необјавени филмови на компанијата и чувствителни корпоративни тајни како плати, планови и слично, луѓето што го хакнаа Сони сега одлучија да почнат и да ја уредуваат програмската политика на филмското студио.

Сони раскина со ФИФА

Официјално причината е заради преструктуирање на трошоците, неофицијално е заради целата драма што се развива околу претстојните два Мундијала и начинот на кој е доделена нивната организација.

На Сони не му е јасно зошто луѓето толку многу го купуваат Плејстејшн 4

Месецов Сони објави дека од премиерата во ноември до сега веќе има продадено 10 милиони Плејстејшн 4 конзоли. Деновиве првиот човек на Сони за конзолата во интервју призна дека не знаат зошто толку добро им оди со продажбата. И тоа по јапонски стандарди е знак за проблем.

Вулканот од цвеќе на Сони

За промоција на 4К телевизорите, Сони лансираше 8 милиони листови од цвеќе од вулкан. 8-те милиони листови ги симболизираат 8-те милиони пиксели што ги имаат 4К телевизорите на Сони - четири пати повеќе од FULL HD 1080p.

Боите на Сони

Сони вади нов телевизор и инстантно ја користи шансата да фати повторно да си игра со бои. Не се топчиња низ Сан Франциско или конец низ Египет. Овој пат се во студио со многу канти боја. (+ снимањето на спотот)

Сони треба да престане да прави електроника

Без разлика дали е Плејстејшн или телевизор Сони губи пари на секој уред што го продава, а заработува само од правење филмови во Холивуд, продажба на музиката и осигурување.

Што се случи со јапонските џинови за електроника?

Сони моментално вади повеќе пари од продажба на осигурителни полиси отколку од електроника. Панасоник годинава има загуба од 9 милијарди долари, а Шарп тешко дека уште долго ќе преживее без финансиска помош.

Паралелниот универзум на Сони

Што е најневеројатно во новиот Спајдeр мен? 1. Џиновскиот гуштер, 2. Новата, мрачна верзија на Спајдeр мен или 3. Тоа што се случува во свет во кој нема еден, единствен производ на Епл?