Таг: пекинг

Тим Кук потпишал таен договор со Кина од 275 милијарди долари за мир во гости

Се работи за договор потпишан сред законските измени што ги прават кинеските власти во 2016, а се само за да се смират тамошните бирократи и да го остават на раат бизнисот на Епл.

Половина од дистриктите на Пекинг пријавиле нови случаи на ковид-19

Еден ден по спроведување на 75.000 тестови во 20-милионскиот Пекинг пријавени се 36 нови инфекции, што е најсериозниот раст на бројот инфекции во Кина во последните неколку месеци.

Пекинг удри на бришење муслимански симболи и арапски букви низ градот

Халал ресторани и слични објекти во Пекинг добија наредба од локалните власти да ги отстранат сите арапски букви и симболи поврзани со исламот прикажани на нивните реклами и називи.

Како што во цел свет ти треба дозвола за возење, така во Пекинг ти треба дозвола за да купиш кола

Дозволата за купување автомобил важи за сите жители на градот, богати, сиромашни, какви и да се, а се добива преку пријавување на лотарија за делење дозволи. Моментално има околу 2.000 кандидати за 1 дозвола.

Смогот му се врати на Пекинг

По два месеца сини неба и локални власти кои собираа масовни хвалоспеви, небото над Пекинг повторно се врати на старите 50 нијанси смрдливо сиво.

А ова е твојот мозок на загаден воздух

Ако некој нема недостаток од загаден воздух тоа се Кинезите. Позитивна страна на вака несреќната околност е што можат пообемно да ги истражат последиците што живеењето во гнаса од градови го има врз огромни бројки од луѓе.

Пекинг буквално пропаѓа во земја

Одредени делови на главниот град на Кина годишно тонат по 11 сантиметри во земја, покажува студија во која локални експерти анализираат сателитски слики од градот.

Иднината на сообраќајот е кинески автобус

Нема приземје, туку има само горен спрат. Нема гуми, а може и да има. За сега е само концепт што беше претставен на меѓународниот Хај-теч саем во Пекинг, а според луѓето што го смислија, тој би функционирал како метро, само што би чинел 20% поевтино да се произведе и постави.

10 луѓе кои одбија страшни кинески пари

Кинезите решија да се отворат на спортски план, така што 50 милиони евра за трансфер им се како добар ден. Сепак, некои луѓе покажаа дека парите не им се пресудни во моментов.

Зошто кинескиот фудбал стана толку гласен?

Со неколку трансфери на играчи за кои платија астрономски суми, кинеските клубови зимава го имаа најскапиот преоден рок во фудбалскиот свет. Што ги натерало толку да трошат?

Најлудиот пинг понг поен

Кинезите и општо Азијатите се познати како генијални пингпонгари, меѓутоа она што им појде од рака на овие двајца ретко се гледа дури и на големите светски собири.

Пекинг рециклира за припејд картици

Тргајќи од старата кинеска поговорка "нема нешто што човек не би направил за 30 минути кредит за мобилен," во Пекинг се инсталирани машини кои вашето ѓубре го трампаат за припејд минути.

Пекинг ништо нема да направи со укинување на јагленот

Кинеската престолнина и официјално ќе преземе нешто околу проблемот со загадувањето и до 2020-та сосема ќе го забрани користењето на јаглен, за сметка на струјата и природниот гас. Замената не е ништо подобра.

Кинеската монструозност од мегалополис

Главниот економски планер на Кина има изработено проект кој предвидува спојување на неколку општини од Пекинг со градот Тиенцин и делови од провинцијата Хебеј. За да ви биде појасно, он планира да направи мегалополис од 100 милиони луѓе. (Германија има 82 милиони жители.)

Базенот убав пак ќе никне

По зaвршувањето на Олимпијадата, Кинезите исчистија после гостите и фатија да работат на објектите кои им останаа од Пекинг 2008-ма. Еден од овие објекти е Акватик Центарот, кој од олимписки центар за водени спортови го претворија во Аква парк. Новото име му е Happy Magic Water Cube Water Park и сега вака изгледа.

Зборувајте им за утринската гужва

Пекиншко метро, линија 13, кое било утро во работна недела.

Пекинг во 12 часот

Клучното што треба да го знаете додека ги гледате овие слики е дека тие се направени на пладне. Не навечер, не на зајдисонце, туку околу 12 часот. Еве како изгледа пладнето кога живееш во светскиот центар на загадувањето.

Зошто Олимпијадата беше огромна грешка за Пекинг

Во 2008-ма Кина ја направи најбогатата Олимпијада во историјата, по цена од 42 милијарди долари. 5 години подоцна има луѓе што уште се пишман околу целата работа.

Максимум од 2 муви

Кинезите решија сериозно да ги зачистат јавните толети во Пекинг, воведувајќи нов максимум на нечистотија од 2 муви по тоалет.

Новите кинески принцови

Princeling, што по некоја кралска хиерархија му доаѓа како "млад принц" е веројатно најпосакуваната позиција во комплетно некралската Кина.