Таг: оскари

Кој ќе победи на Оскарите, според предвидувањата на 538

Не можеш да знаеш колку пари, внимание и алкохол, студијата и продуцентите ќе потрошат на молење на Академијата за глас за нивниот филм, ниту пак како размислуваат 7.000 членови на Академијата. Можеш да разгледуваш статистики и да веруваш дека според досегашното резиме овие статистики најдобро ќе ги разберат од 538, сајтот за статистички предвидувања.

За Оскар без женски и машки категории

Тоа што Холивуд се труди да избега од машкото гледиште на светот, никако не се приметува во годинешната трка за Оскари, каде номинираните се претежно бели и претежно мажи. Повторно.

Не зборете глупости

Како човек што никогаш не драмел околу Оскарите, и како продуцент на Straight Outta Compton, кој не ја доби очекуваната номинација за Најдобар филм, Ајс Кјуб е насекаде во дебатата околу годинешните "бели Оскари" на кои во главните актерски категории нема ниту еден номиниран црнец.

Како на Лудиот Макс му успеа да добие номинација за Оскар

Од летни акциони блокбастери не се очекува да добијат една, а не па десет номинации за Оскар, уште помалку меѓу нив да има и по една за Најдобар филм и за режисер.

Торбата од 168 илјади долари за номинираните за Оскар

Ако по завршувањето на Оскарите со себе не понесеш златна статуетка, тогаш е голема веројатноста дека со себе ќе понесеш торба со подароци, со вкупна вредност од 167.586 долари.

10 славни режисери кои никогаш не добиле Оскар

Дека Оскарите не треба да се земаат толку сериозно покажува овој импресивен (иако не и конечен) список на врвни режисери кои никогаш не го добиле. Им надоместувале со некакви почесни награди, но тие си знаеле како им било откако по неколку пати си оделе дома со празни раце.

Оскарите во сè останато

Вол Стрит Журнал прави поделба на Оскарите меѓу номинираните во категоријата за најдобар филм, во категории кои никаде никој не ги ни споменал.

За 425.000 долари (речиси) на Оскари

Меѓу останатите ставки на годишниот божиќен каталог на Нејман Маркус се наоѓа и пакетот "Ванити Феир Оскар искуство." Цената е од насловот, а искуството е за двајца.

Занети доби спортски Оскар за 2014-та

Трофејната сала на некогашниот играч, а сега потпретседател на Интер, Хавиер Занети е побогата за уште еден пехар. „Тракторот“, како што го викаа навивачите е избран за „Спортско лице на годината“ во Италија.

Почина режисерот на "Searching for Sugar Man"

Швеѓанецот со алжирско потекло кој го потпиша фасцинантниот музички документарец за Сиксто, починал во Стокхолм, на само 36 годишна возраст. Не се најдени траги на насилство но полицијата засега не ја обелоденува причината за смртта.

Драмата зад добивање Оскар

Како изгледа доделувањето Оскар од страната што не ја гледаме - од репортажното возило на телевизијата што го прави преносот. Тоа што нам ни изгледа добро завршена работа, во основа е перфектна организација и совршено уиграна екипа.

Америка изгуби на Оскарите

86-те Оскари имаа вкупно 24 победници на категории. Кога заврши делењето на наградите и ги преброија Оскаровците излезе дека вечерта повеќе не-Американци земале Оскари отколку Американци.

Од каде е скромноста во примањето Оскар

Иако природно е да се биде горд кога ќе добиеш награда (посебно нешто важно како Оскар), мнозинството од добитниците сакаат да го потиснат ова чувство чисто заради тие што изгубиле пред нивни очи.

Ова се Оскарите 2014.

И по доделувањето на 86-те Оскари на Американската филмска академија, сè е по старо: Леонардо Ди Каприо повторно остана без Оскар (браво за Мекконахи!) а интервјуата на црвениот тепих остануваат убедливо најдосадната работа која доаѓа од Холивуд.

Вистинскиот Далас Бајерс Клаб

Филмот со непрепознатливо добриот Метју МекКонахи е номиниран во шест категории, меѓу другото за најдобар филм, главна и споредна улога. Не знаеме што од ова ќе добие вечерва, но и без статуетката неговата приказна е фасцинантна. Прв, пред цели дваесет години, ја забележал еден новинар.

Најголемите губитници и други работи околу Оскарите

Иако Мерил Стрип ни изгледа како семоќна кралица кога ќе се појави на Оскарите, жената нема ни една третина од номинациите на Богот на златните статуетки - Волт Дизни.

Не, Оскарите нема да имаат публика од 1 милијарда

На 2-ри март се одржуваат 86-те Оскари, до тогаш и деновите потоа ќе се раскаже цел список бројки, меѓу кои задолжително (како и во изминативе 30 години) ќе се спомне дека преносот го гледале над 1 милијарда луѓе. А не е така.

Порно лига: Оскари

Порно ѕвездите не се некои посебни јасновидци (освен кога сабајлечки имаат некакво чувство дека дента ќе наебат), но ако еден орангутан со години успешно го предвидува исходот на американскиот Супербоул, зошто тие не би можеле да погодат кој ќе добие Оскар? Еве ги нивните тикети: 

Колку пари троши Холивуд на маркетинг

Во предвид се земени 4 фактори: колку пари заработува студиото, колку пари троши на реклама, колку е моќно на социјални медиуми и колку номинации за Оскар има. Кога ќе ги ставиш сите овие работи на куп, сфаќаш дека никој од тие нема влијание еден на друг.

Зошто Редфорд не е номиниран за Оскар?

Верувам дека нема човек кој го изгледал All is Lost а да не бил сигурен дека Редфорд оваа година во најмала рака ќе биде номиниран за Оскар за главна улога, или дека можеби ќе му ја дадат и онака, без никакво гласање и вон конкуренција. Ама...