Таг: нба плејоф 2015

Пол Пирс ја порази Атланта во последната секунда

Вашингтон и Атланта одиграа драматичен натпревар во кој ветеранот Пирс јуначки го реши мечот за водство од 2:1. На вториот меч најдобриот тим на западот, Голден Стејт загуби од Мемфис со 10 поени разлика.

НБА плејофот со најмногу странци

Оваа сезона 16-те екипи, плејоф натпреварите ги стартуваа со рекордни 58 кошаркари кои не се родени во САД. Најинтернационален тим беше Сан Антонио Спарс кој беше елиминиран во претходната фаза.

Во НБА плејофот сè е израмнето

По Атланта и Мемфис, брејк на вторите натпревари од полуфиналето по конференции, на 1:1 израмнија и кошаркарите на Кливленд и Хјустон.

Атланта и Мемфис го возвратија ударот

Перо Антиќ постигна 8 поени во втората плејоф пресметка на која Хокси го израмнија резултатот против Вашингтон. На другиот меч кошаркарите на Мемфис му го расипаа славјето на Стефон Кари кој го доби признанието за најдобар играч на сезоната.

Ди Роуз и Гасол се прошетаа во Кливленд, Чикаго поведе

Гостите ги нанесоа првите удари во полуфиналните средби во Хјустон и Кливленд. Блејк Грифин без помошта на Крис Пол го носеше ЛА Клиперс до брејк во Хјустон, а Роуз и Гасол му одржаа лекција на Кливленд.

Стеф Кари ги припитоми Гризлите и ќе стане МВП

После Вашингтон против Атланта, синоќа и Голден Стејт Вориорс со победа ја отвори полуфиналната серија на западната конференција. Воините подобри од Мемфис 101:86.

Атланта со пораз го почна полуфиналето

Кошаркарите на Вашингтон Визардс ја победија Атланта 104:98 на гостувањето во Џорџија и поведоа во полуфиналето на источната конференција. Пет поени за 18 минути на Перо Антиќ. Следниот дуел се игра повторно во Атланта.

Антиќ ќе игра во полуфиналето на Истокот

Кошаркарите на Атланта Хокс славеа висока победа од 87:111 на шестиот плејоф натпревар против Бруклин. Со вкупни 4:2 Хокси обезбедија пласман во полуфиналето на Источната конференција каде ќе се сретнат против Вашингтон.

Циркуски кош на Заза Пачулија

Кога некој ќе ја фрли од нигде никаде и ќе даде кош, кај нас викаме бугарски шут. Она што му појде од рака на Пачулија од Милвоки Бакс против Чикаго Американците го викаат циркуски поен.

Краудер доби ќотек од Кавалирс

Прекарот им е Кавалерс, но синоќа против Бостон немаа ништо кавалерско, особено против Џае Крадер кој толку ќотек не доби цел сезона претходно.

Ноќ посветена на цепелини

Четвртиот ден од НБА плејофот наликуваше на Ол старт викенд. За шоуто се погрижи Кралот Џејмс кој му ја донесе втората победа на Кливленд, а празник за очи под кош направија и Џош Смит и Двајт Хауард за втор триумф на Хјустон.

Поп и глупавите новинарски прашања

Прес конференциите на еден од најтрофејните тренери во НБА се редовно најпосетени. Поповиќ редовно и досетливо ги засмева новинарите, а синоќа ги тролаше затоа што поставувале глупави прашања, а тој едвај чекал да оди да јаде и пие. Неговиот Сан Антонио синоќа загуби од ЛА Клиперс.

Математички преглед на НБА плејофот

Започна НБА плејофот во кој 16 франшизи ќе се борат за трофејот Лери О’Брајен. Статистичарите во САД за таа прилика подготвија графика на реалниот минус и плус на секој поединечен тим и играч во доигрувањето.