Таг: медицина

Вакцинацијата на децата како нивна „крштевка“

Иако ковид вакцините немаат што многу да им пружат на младите возрасни групи и не го спречуваат ширењето на вирусот, тие сепак влегуваат во официјалните календари за имунизација. Боцкањето за ковид станува нивна секуларна крштевка, иницијација во телото на граѓанството, доказ дека се подобни да бидат членови на заедницата. 

„Лудаците“ што требаше да ги послушаме порано

Колку пати низ историјата (па и поновата историја) некој кажал нешто ново и важно и го отфрлиле како будала? Има тука примери за ситуации во кои „будалата“ бил во право, а светот бил со главата во песок.

Како лути пиперчиња помогнаа да се добие Нобел за медицина

Вчера, 4.10, започна циклусот на доделување на Нобеловата награда во различни области. Во онаа за физиологија и медицина добитниците истражувале како чувствуваме температура и допир. Првото со - чили пиперки. Да беа наши, ќе беа везенки.

Пау Гасол студирал медицина со цел да најде лек за Меџик Џонсон

Додека повеќето негови соиграчи слушале хип-хоп и се мајтапеле, високиот Шпанец бил посветен на медицинска литература, класична музика, свирење клавир и сериозно изучување педијатриска хирургија во Лос Анџелес.

Плукани и каменувани: паниката од жени во бели мантили

На 6 ноември 1869, Ан Престон, деканка на Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија и нејзините студентки требало да присуствуваат на предавање заедно со своите машки колеги. Ова за денешно време не е ништо необично, но тогаш претставувало радикален чекор. Машките студенти ги навредувале и ги плукале со џвакан тутун.

„Ту формации“: еуфемизми во медицината

Да речеме дека сте го виделе изразот од насловот во медицински извештај. И да речеме дека сте биле и доволно љубопитни и крајно наивни да помислите дека тоа е некоја специјална формација, која ќе ви се отвори веднаш штом ќе ја изгуглате. Ама „ту“ да не ти било латински, туку „таен“ медицински јазик.

Карикатуристот кој го исмеваше француското здравство

Тензијата помеѓу политиката, здравствениот систем и „обичниот народ“ не е ништо ново, а особено доаѓа до израз во време на епидемии. Доказ за ова е сатирична книга од 19 век, која ја има напишано доктор, а илустрирано еден од најдобрите карикатуристи во историјата на овој цртачки жанр. 

Како ги научивме машините да дишат наместо нас?

Денес основите на човечката респирација и метаболизам делуваат очигледни, а исто така здраво за готово се земаат и вентилаторите и респираторите на кои дишат оние кои имаат проблем со природното дишење. Но имало времиња кога неспособноста на телото да земе здив било неразбирливо, неизлечиво и фатално.

Приказната за научникот што си го мерел сопствениот измет

Се викал Санторио Санторио. И бил другар на Галилео Галилеј. Очигледно Италијаните од тоа време сакале удвоени имиња. Но овој човек имал и поинаква страст кон броењето - го вовел квантитативниот пристап во природните науки и во медицината. Мерејќи буквално сè.

Тајниот живот на британски хирург кој всушност бил жена

Умрел во 1865, а на неговиот надгробен камен пишува „Доктор Џејмс Бери“. Бил еден од најпознатите хирурзи на викторијанска Англија. Но уште поинтересно е што Џејмс всушност бил - жена.

Повик за повлекување на 400 научни статии заради неетичко користење органи од кинески затвореници

Студија спроведена од австралиски истражувачи повикува на масовно повлекување на повеќе од 400 научни трудови поврзани со трансплантанција на органи. Причина: сите органи врз основа на кои биле правени трудовите биле неетички добиени од кинески политички затвореници

Жената чие тело ќе живее вечно

Сузан Потер го донирала своето тело на науката. Од тогаш тоа било замрзнато, пресечено со пила на четири дела, 27.000 пати сецкано и после секој рез фотографирано. Резултатот: виртуелен труп кој (буквално) ќе им зборува на студентите по медицина од гробот.

Кога Клоп за малку ќе станел доктор а не фудбалер

Предводникот на генерацијата фудбалери која постигна неверојатни 40 гола во Лигата на шампиони сезонава, во младоста запнал да студира медицина. Сметал дека може да се најде во оваа област но го предомислувале да батали и да игра фудбал.

Koга научниците експериментирале врз самите себе

Етиката на експериментирање на луѓе е „трусно“ подрачје, дури и кога постои таканаречена „информирана согласност“ и компензација за времето и ризикот со кој се соочуваат волонтерите. Можеби токму затоа, или заради некаква луда посветеност, се познати примери на научници кои изведувале експерименти врз самите себе. Еве тројца такви.

Хирург расипува филмови со хирурзи

Не само што ќе ви го расипе впечатокот за хирурзи што се појавуваат во филм, туку со тоа реалноста комплетно ќе ви одмили филмски доктори само затоа што она завршила медицина.

Нобеловецот кој не доби грант (за истражувањето што му донесе Нобел)

Пензионираниот научник кој денес живее изолирано „некаде во Мејн“ вели дека ќе било подобро парите од овогодинешната награда да ги добиел порано - кога се мачел да го финансира истражувањето со кое и ја заслужи Нобеловата.

Луѓе, ај честито нов орган

Откако ние паметните надмено ги баталивме бајачките и бабините деветини и нашите тела и здравје комплетно им ги доверивме на науката, официјалната медицина допрва открила нов орган во човчекото тело. А тоа значи нова серија болести.

Овој лек не работи

Американската федерална комисија за трговија ќе бара од производителите на хомеопатски што-и-да-се-тоа јасно да обележат дека нивните производи не функционираат.

Тајното потекло на семоќниот стрес

Денес стресот е главниот виновник за сите бељи кои недоволно ги разбираме или пак за кои ни треба алиби: од дебелеење до пад на имунитетот. А ако се трага по корените на неговиот волшебен статус и кај народот и во медицината (- Сè е до стресот. - Е, баш ви фала докторе), се доаѓа до еден покрив во Канада.

Википедија не е матичен лекар

По педнатна проверка на медицински статии во најпознатата светска веб енциклопедија, научниците предупредуваат таа внимателно да се користи бидејќи содржи куп грешки поврзани со здравјето. 

Еурека! Откриен нов дел во нашето тело

А ние наивни, мислевме дека до ноември 2013, официјалната медицина ја познава барем основната човечка анатомија. Следниот пат одиме на бајачка.

Микеланџело на медицината

Наскоро од печат ќе излезе биографија на Френк Нетер, несуден сликар, кој по желба на мајка му станал доктор, но и најпознат современ медицински илустратор.