„Лудаците“ што требаше да ги послушаме порано

Колку пати низ историјата (па и поновата историја) некој кажал нешто ново и важно и го отфрлиле како будала? Има тука примери за ситуации во кои „будалата“ бил во право, а светот бил со главата во песок.

Игназ Семелвајс популаризирал миење раце со антисептик пред породување

Игназ Семелвајс бил лекар кој работел во акушерска клиника во Виена во 1840-те. Намислил да ја реши „треската при раѓање“ и открил дека стапките на инфекција биле многу поголеми кај пациенти третирани од страна на студенти што доаѓале директно од собата за сецирање мртовци.

Семелвајс на сите им наредил да мијат раце во хлориран раствор пред секој преглед, што стапката на смртност ја намалило од 18,27% на 1,27%. Иако студентите и докторите што ги надгледувал го ценеле ова откритие, неговите надредени не. Го отпуштиле од работа и не можел ни да ја задржи позицијата како професор. Држел предавања и пишувал за неговите наоди, но општиот концензус бил непријателски настроен.

Околу 20 години по неговата смрт, кога научната заедница ги прифатила наодите за теорија на бактерии на Луј Пастер, Роберт Кох и Џозеф Листер, на Семелвајс конечно му го признале трудот.

Кортни Лав пушти аларм за Харви Вајнстин уште во 2005

Харви Вајнстин изгуби работа и сѐ друго во животот во октомври 2017, кога се појавија обвиненија за сексуална злоупотреба што се случувала уште од 1970-те. Ова излезе дека било јавна тајна во забавната индустрија со години, а повремените алудирања биле отфрлани како „мала шала“.

Сепак, Кортни Лав не се шалеше кога буквално ги предупреди младите жени за Вајнстин во 2005. За време на едно интервју на некој црвен тепих, кога новинар ја праша „Каков совет имаш за младите жени во Холивуд?“, одговори:

„Ќе ме тужат ако кажам… Ако Харви Вајнстин те покани на приватна забава кај него во соба во Фор Сизонс, не оди.“

Шинед О‘Конор ја нападнаа кога искина слика од Папата во протест против злоупотребата на деца од страна на католичката црква во 1992

За време на СНЛ епизода на 3. октомври, 1992, Шинед О‘Конор заврши песна со кинење на фотографија од Папата Јован Павле II. Подоцна кажа дека сакала луѓето да се соочат со тешките вистини, како злоупотребата на деца во нејзината матична Ирска. Бесни гледачи ѕвонеа во НБЦ да изразат негодување и следната недела, Џо Пеши го посвети неговиот монолог на осуда на О‘Конор.

Како тинејџерка, О‘Конор има поминато 18 месеци во болницата Магдален, која била под водство на католичката црква - институција каде што свештенството повремено штетело на децата физички, сексуално и емоционално. Годината по настапот на О‘Конор на СНЛ, се откри масовна гробница на слично место. А над деценија подоцна, и светот дозна за нездравите католички свештеници, нивната злоупотреба на деца и улогата на црквата во нивната заштита во САД и Ирска.

И за крај:

21 октомври 2021 - 11:05