Таг: лионел меси

Како е можно овој гол на Меси од финале да не добие Пушкаш награда?

Кога еден ден ќе им раскажувате на внуците за тоа каков фудбалер беше Лео Меси, пуштете им го клипов од финалето на Копа деј Реј во 2015-та меѓу Барселона и Атлетик Билбао.

Навивачите на ПСЖ излегоа на протести и удрија жестоко против Меси

Прво им сметаше Мбапе бидејќи наводно бил во преговори со Реал па го свиреа на стадион, сега им се сипаа и на Меси и Нејмар и тоа со погрдни зборови, мислиш направиле трансфери во најомразениот ривал.

Пасов на Меси да го види Роналдо ќе почне шишиња да рога

Со двата гола на Мбапе, ПСЖ викендов го совлада Анжер со 1:2 и со +9 пред Марсеј на 6 кола до крај, полека се доближува до петтата последователна титула. Ако ја барате најјаката асистенција на колото, прекинете веднаш.

Камп Ноу повторно испрати порака до Париз

Преку 90.000 навивачи го скандираа името на Меси на финалето на Кралската лига во мал фудбал во организација на Пике. Но изгледа тоа не беше само обично скандирање. Им стана пракса и на натпреварите во Ла Лига. Желбата за кам бек на нивната икона ја изразија и синоќа против Жирона. Тоа го прават во 10-та минута.

Каква e иднината на Меси: ПСЖ, Барселона или трета опција?

Еуроспорт, Форбс, Марка, како и специјалистот за трансфери со 14 милиони следбеници на Твитер, Фабрицио Романо, тврдат дека Меси има нестварна понуда од Саудиска Арабија, од тимот на Ал Хилал кој му нуди двојно поголема плата од онаа што ја зема Роналдо во Ал Наср, а тоа се 400 милиони евра по сезона. Но неговата намера е да остане во Европа барем до Копа Америка 2024.

Емануел Пети: ПСЖ не е клуб, свирежите за Меси се навреда за фудбалот

Поранешниот светски и европски првак со Франција му порача на Меси да си замине од Париз и го нарече ПСЖ клуб за пензионери во кој никој не напредувал. Во негова одбрана застана и Анри.

Французите ги објавија најплатените играчи и тренери во лигата

Првите 10 места се резервирани за ПСЖ. Мбапе на 24 години се буди секој ден со нови 214.285 евра. Игор Тудор е втор најплатен тренер.

Преку 90.000 навивачи на Камп Ноу скандираа за Меси

Стадионот на Барса крцаше за финалето на Кралската лига во мал фудбал во организација на Пике. На Фајнлфор турнирот играа ѕвезди како Роналдињо, Нејмар, Виља и Агуеро, а навивачите испратија важна порака до Париз.

Аргентинска фешта во Буенос Аирес, бура од емоции и гол број 800 во кариерата на Меси

Светските прваци и по три месеци уште слават и си делат пехари за да има за сите јунаци. Монументал експлодираше на пријателски натпревар против Панама. Мајсторија на Меси од слободен удар.

Како изгледаше петардата на Меси во ЛШ?

Вчерашните 5 гола на Халанд против Лајпциг се неспоредливи со оние 5 на Меси кој стана прв во историјата со ваков дострел во Лига на шампиони. Четири на Норвежанецот му се одбиени и еден од сомнителен пенал, а Меси ги дробеше Германците како сака со лобови и дриблинзи. Ги постигна против Баер Леверкузен во осминафиналето 2012-та.

Две милијарди потрошени за тим како за Плејстејшн кој на терен разочарува

180 милиони евра за Мбапе, потоа нови 630 милиони бруто за нов тригодишен договор со невидени привилегии. 222 милиони за Нејмар, плус Меси го купија. ПСЖ е опседнат со големи имиња, заборавајќи ги основните принцини во фудбалот. Дека тоа е спорт кој се игра со тим.

Нов клизач на навивач, овој пат за Меси кој го избегна

И децава што влетуваат на терен не се повеќе тоа што беа. Обично бараат селфи или дрес, ама во последно време и тие не знаат што сакаат. Клоп беше бесен пред неколку дена на дербито против Манчестер поради тој глупакот кој ќе го повредеше Робертсон, а овој од вчера на Алијанц делуваше несмасно.

Златни Ајфони од Меси за сите во репрезентација

Капитенот на Аргентина одлучил на сите колеги со кои го освои Светското во Катар, да им подари Ајфон 14с и тоа златни.

Везилка со Мбапе и Меси

Килијан му наместил 29 гола на Лео, а Лео му наместил 25 гола на Килијан. Нејмар седи дома и се витка од болки, кога ги гледа како играат заедно.

Само Меси знае вака да изработи голман

Првата сезона во ПСЖ беше во подредена улога и со за него скромни 11 голови во цела сезона на сите натпреварувања. Сега има 14 до полусезона и игра шампионски.

Голеада на егзибициското шоу меѓу Роналдо и Меси кое заврши 5:4 за ПСЖ

Ѕвездите на ПСЖ славеа против ѕвездите на тимот комбиниран со играчи од Ал Наср и Ал Хилал во синоќешната пресметка што се одигра во Ријад.

Страшен прием на Меси во стилот на Зидан

Шоуто на светскиот шампион почна уште на првиот меч на ПСЖ после кам бекот од Аргентина или поточно уште пред да почне. Навивач од трибина сними клип со Меси на загревање, кој никогаш нема да го избрише од мобилен. Потоа следуваше дриблинг, како и мајсториска акција и гол со рутинска завршница.

Шампионски кам бек на Меси со прекрасна акција и рутинска завршница

Толку му треба на светскиот првак, само што се врати им покажа како се игра фудбал. ПСЖ го совлада Анже со 2:0 во 18. коло од Лига 1, а Меси го постигна вториот гол преку акција и финиш, како фудбалот да е најлесната работа на светот. 8 погодоци и 10 асистенции сезонава за Лео во првенство.

Шпалир во ПСЖ за светскиот првак Меси

По двонеделниот престој во Аргентина каде прво славеше во Буенос Аирес, а потоа одмораше во родниот град Росарио, Лионел Меси им се врати на клупските обврски во Париз. Пречекот му беше шампионски, со шпалир и аплаузи од целиот тим, а спортскиот директор Луис Кампос му подари мал трофеј.

Запознајте ги братучедите Роналдо и Меси кои сонуваат да заиграат за Хрватска

Двете врвни фудбалски имиња до толку создадоа култ во светот во изминативе 15 години, што деца крстат по нив. И тоа комплетно со се име и презиме.

Кога Меси го даде 91-от гол во една година, а коментаторот полуде

На денешен ден пред 10 години Лео против Ваљадолид го даде голот број 91 во една година (2012). Од нив 79 му се за Барселона и тоа на 60 настапи и уште 12 за Аргентина на 9 настапи. Во просек тоа се 1,3 гола по натпревар. Му го сруши рекордот на Герд Милер од 1972-ра кој даде 85, а Пеле во 58-ма стигна до 75. Ќе го стигне ли некој овој феномен?

За хејтерите кои постојано верглаа: Каде е Меси?

Аргентина во прво коло загуби од Саудиска Арабија и тоа после пресврт, арно ама...