Таг: лионел меси

Неверојатното поклопување на фактите на СП 1986 и СП 2022

Едни ќе речат Господ така одлучил, втори така било напишано во ѕвездите, трети судбина, четврти коинциденција, петти не знам што.

И на кучето на Меси му пееја

На прославата во Буенос Аирес проценките се дека се појавиле преку 5 милиони луѓе. Доволно е од нив само 10% да снимиле по еден клип на мобилен и да го ставиле на Твитер и тоа се веќе 500.000 видеа. Кој знае уште што ќе се појави и уште што нема да успееме да видиме.

Најслаткиот сон на Лео Меси

Кликнавме неколку пати Ф5 и забележавме дека на секој клик или секоја секунда, има по околу 5.000 нови лајкови на најновиот пост на Меси на Инстаграм. Легна да одмори пред големото славје пред претседателската палата „Каса Розада“ во Буенос Аирес, а друштво му прави „Божицата“. Само во првиот час има 18 милиони лајкови.

Утеха на Меси за својот клупски другар

На цела таа еуфорија обоена со солзи од радост кај едните и тага кај другите, не видовме спортски поздрав од двајцата најдобри на првенството кои наскоро ќе продолжат со своите обврски во ПСЖ. Се гушнале за време на церемонијата. Најпрвин Меси го теши Мбапе, а потоа и Скалони. Така треба, а не ко недокваканион голман.

Како во Барселона се славеше пласманот на Меси во финале?

Шпанија испадна од Светско, ама нивниот најголем миленик од Барселона гази. Погледне ја оваа еуфорија.

Фрапантниот податок на Меси за кој нема конкуренција

Од тоа што го прави овој човек за фудбалот, кој 15 години го игра на врвно ниво, може да се издаде книга само со негова статистика во која е рекордер, веќе по кој знае по колку параметри. Внимавајте сега на овој.

Меси го прекина интервјуто за да го испочитува Далиќ

За разлика од четвртфиналето против Холандија кое мина со многу набој и провокации и кога еден смирен лик како Меси на сред интервју му довикуваше „глупчо“ на Вут Вегхорст, полуфиналето мина во поинакво расположение. Убави гестови се ова.

Емоциите на селекторот Скалони кога Меси му дојде во прегратка

Иако делува смирен и сталожен, а водството со пеналот на Меси го проследи ладен како шприцер, Лионел Скалони како да почнува да сфаќа како почнаа, а до каде стигнаа. На старт пораз од Саудиска Арабија, за на крај да стасаат до финале. Кога се гушнаа со имењакот, не издржа да не заплаче.

Меси му го испи мозокот на Јошко Гвардиол

Големата надеж на Хрватска и член на Лајпциг, кој на 20 години одигра фантастичен деби Мундијал, не успеа да излезе на крај со човекот кој и на 35 години е оса. Брилијантната игра на Меси еден на еден со Гвардиол, беше клучна за третиот гол на Аргентинците кога му асистираше на Алварез.

Првиот дуел на Меси и Модриќ кои се сретнаа во 2006-та

За 20 годишниот Лука ова е репрезентативно деби, за 18 годишниот Лео деби репрезентативен гол. Хрватска и Аргентина се среќаваат на пријателска на 1 март 2006-та во Базел. 16 години подоцна, само они двајца играат уште за своите земји.

Статистика на ФИФА за Меси и Роналдо која нема да му се допадне на Португалецот

Лионел Меси ја реши Австралија во осминафиналето на Мундијалот во Катар и стигна до јубилејни 1.000 настапи во кариерата. За ФИФА тоа беше добар повод да го спореди учинокот на двајцата кој оди целосно на страна на аргентинскиот ас. Води со 64 гола повеќе, 132 асистенции и 10 трофеи.

Арапите почнаа да го бараат Меси и меѓу Јапонци

Има забава во Катар, ај ти. Особено ако сте навивач на Саудиска Арабија, па и репортер од Јапонија, чие известување се претвори во арапско шоу. А и него некако му легна друштвото.

Зад сцената со Меси и Роналдо за време на снимањето за Луј Витон

Француската модна куќа Луј Витон со помош на фотографката Ани Лејбовиц извади фотографија на кој во шаховски дуел се наоѓаат Роналдо и Меси. Фотографија кој стана мега популарна и која влезе меѓу најлајкуваните во историјата на Инстаграм. Само од вчера до денес на профилот на Кристијано има собрано 35 милиони, а кај Меси 27 милиони лајкови.

Меси не застанува, ново голчиште и мајсторска асистенција до Нејмар

ПСЖ ја совлада Троја со 4:3 во меч во кој на два пати беше во негатива. Играч број 1 како и многу пати сезонава беше Лео Меси кој во рок од 7 минути одигра во негов стил со два јаки потези.

Меси и Мбапе пак им го земаа паметот на противниците

Само четири дена откако ја побудалеа цела одбрана на меч во првенство, убиствениот тандем продолжува со пеколно темпо и во ЛШ. Имаат 4:1 по само 45 минути игра против Макаби Хаифа. Два гола на Меси, по еден на Мбапе и Нејмар. Лео со две мајстории и нова прекрасна акција во комбинација со Килијан.

Гол шоу на Меси со два комада за три минути

На неутрален терен, на Ред Бул арената во САД, Аргентина водеше 1:0 на пријателски дуел против Јамајка. Меси влезе во игра во 56-та минута и за 3 минути покажа кој е дојден на гости во Њу Џерси. 10 гола и 8 асистенции на последните 13 меча за дечкото кој има 35 години. Во моментов има 90 гола за Аргентина, далеку пред вториот кој е пензиониран, а тоа е Габриел Батистута со 55.

А го видовте ли лобот на Меси за Аргентина?

Аргентина одигра пријателски натпревар против Хондурас кој го доби со 3:0. Еден гол даде Лаутаро Мартинез, два Меси од кои едниот го можат само мајстори.

Реакцијата на децата на Макаби кога го видоа Меси во живо

Не е секој ден велигден да го гледаш Лео Меси како поминува покрај тебе. Во Израел имаа среќа на ждрепката да им се падне ПСЖ, а со тоа и да го допрат еден од најдобрите на сите времиња.

Само генијалец како Меси може да изведе ваков слободен удар

ПСЖ се спрема за новата сезона во Лига на шампиони и стартува веднаш со јака битка против Јувентус, натпревар закажан за вечерва во 21 часот во Париз. Лео вежба слободни фрлања, а голманот го гледа и се чуди, како ли успеа вака перфектно да ја свитка во агол?

Генијалниот лоб на Меси од шест агли

Од 672 комада постигнати за Барселона на сите натпреварувања, секогаш ќе биде тешко да се состави најатрактивна компилација. Ако треба да бираме меѓу лоб ударите, нека биде оваа мајсторија меѓу најдобрите, ако не и најдобра. Сезона 2018/2019 против Бетис, со одличен коментатор и музика за морници. Едноставно најнормално е секој голман да биде неспремен на каков брилијантен потег на прва.