Таг: фа куп

Историски битки меѓу Јунајтед и Арсенал во ФА купот

Во четврт-финалето од најстарото клупско натпреварување на светот, вечерва од 20:45 ќе играат Манчестер Јунајтед и Арсенал. Сите средби меѓу нив во ФА купот беа вистинска војна, без разлика каде се играа. Рој Кин и Патрик Виера беа команданти на војските.

Чиста сметка долга љубов, Мурињо останува до 2021 година

По завршувањето на тековната сезона во јуни, на Португалецот ќе му останат уште две години од договорот со Челси. Сепак и тој и клубот сакаат да ја продолжат успешната соработка со нов договор.

Му истече ли времето на Радамел Фалкао?

Неуспешната позајмица на Колумбиецот во Манчестер Јунајтед синоќа доби уште една силна потврда, откако напаѓачот не упати ниту еден шут кон голот на третолигашот Престон во ФА купот.

Што нè чека во петтата рунда на ФА купот?

Ќе ризикува ли Ливерпул со ровитиот Даниел Стариџ, може ли Брадфорд до уште едно чудо и што има во продавницата на Арсенал и Лестер? Одговор на овие прашања ќе донесат натпреварите од ФА купот кои се играат викендов.

Го фатија Шчесни со цигара и веќе не брани

Полскиот голман Војчех Шчесни во 2015. година само еднаш настапи како стартер за Арсенал, и тоа во купот. Неговото место го зема Колумбиецот Давид Оспина, кој му покажа на Полјакот дека досега немал конкуренција и затоа ноншалантно ги навлекувал ракавиците.

Како се извади Ливерпул во Болтон

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Болтон на гости 1:2, иако губеа со 1:0. Мечот го одбележаа евроголот на Фелипе Кутињо, приемот на Џордан Хендерсон и смешниот шут на Дервит. Во следната фаза, црвените ќе играат против Кристал Палас во 1/4 финалето од Лига Купот.

Купувајте карти за купот или отиде сезонската

Сопствениците на сезонски влезници за домашните натпревари на Манчестер Јунајтед добиле прилично чуден мејл од управата на клубот, кој сака на сила да го наполни стадионот и за дуелите од ФА купот.

Фаворитски потоп во ФА купот низ историјата

Викендов во англискиот ФА Куп ќе остане незаборавен, откако Челси, Манчестер Сити и Тотенхем испаднаа од нисколигаши. Брадфорд против Мурињо го направи најголемото изненадување сезонава, по што Специјалниот поединечно му честиташе на секој гостински фудбалер.

Пенал маратонот го реши голманот на Вест Хем

Во третото коло од ФА купот, Вест Хем го победи Евертон после 20 изведени пенали. На крајот решаваа двајцата голмани, а победникот го одлучи домашниот, Адријан. Шпанецот ги фрли ракавиците и во голем стил го совлада колегата од Евертон, за славје на Аптон Парк.

Третото коло од ФА купот кое се играше 66 денови

Фудбалот кај нас мирува, инаку ако требаше да се игра на ѕиврава, натпреварите ќе мораше да се префрлат во сала. Пред 52 години, Англичаните се соочија со најголемиот студ од 1740-та година и натпреварите мораа да ги одложат 261 пати.

Како се калеше пехарот

Викендов фудбалерите на Арсенал и Хал Сити ќе се борат за пехарот од ФА Купот кој е само трет во 143-годишната историја на ова натпреварување. За изработка на пехарот кој е тежок 6,3kg и висок 61,5cm на мајсторите им беа потребни 250 часа.

Најголемите сензации во историјата на ФА купот

Фудбалерите на Свонси кои викендов го елиминираа Јунајтед во третото коло од ФА купот не се ниту први, а сигурно нема да бидат ниту последни кои ги шокираат големите екипи. Ова најстаро фудбалско натпреварување е голема мотивација за малите клупчиња кои често прават сензации.

Молери и водоводџии играат во англискиот Куп

Се оствари сонот на играчите од еден мал фудбалски клуб од англиско селце. Шортвуд Јунајтед составен од манекени, студенти, молери и водоводџии, за прв пат во историјата се пласираше во првото коло на ФА Купот.

Викенд на Вембли

Овој викенд стадионот Вембли во Лондон беше домаќин на двата полуфинални натпревари од англискиот ФА куп. Виган - Милвол и Манчестер Сити - Челси се одиграа во рок од 24 часа, а како овој период изгледа за 2 минути можете да погледнете на следното видео.

Олдам забрани менување дресови со Евертон

Управата на фудбалскиот клуб Олдам им забрани на нивните играчи да менуваат дресови со фудбалерите на Евертон по натпреварот од ФА купот затоа што третолигашот бил во криза со опрема.

Реванш по 140 години

Првото финале на најстарото фудбалско натпреварување, англискиот ФА Куп се одиграло во 1872-та година. По пауза од 140 години, двата финалисти повторно се сретна.

Финалето на ФА купот ќе руши рекорд за тагови

Тагни го Дрогба и учествувај во поставување нов светски рекорд. Фубалската асоцијација на Англија ќе го искористи финалето на ФА купот помеѓу Челси и Ливерпул за соборување на рекордот за фотографија со најмногу тагови.

Челси го освои најстарото светско натпреварување

Со победата од 2:1 над Ливерпул на стадионот Вембли, екипата на Челси го освои својот седми трофеј на финалето од 131-то издание на англискиот ФА куп.

Торес даде гол по 1541 минута

Екипата на Челси го победи Лестер со 5:2 во рамките на ФА купот и избори пласман во полуфиналето, а најзаслужен за победата беше Фернандо Торес. Во полуфиналето на Челси им се придружи и Ливерпул со победата над Стоук.