Таг: албум

Прв соло албум на Дејвид Брн по 14 години

„Американска утопија“ се случил непланирано. Брајан Ино му пратил неколку снимки со тапани, Брн почнал да експериментира, и одеднаш добил десет нови песни. Реалист, но не и циник или песимист, тој и овој пат го истражува моментот во кој живееме, велејќи во една од песните: „Ние сме туристи во овој живот/Само туристи, ама глетката е фина“.

Каде е, што прави Теренс Трент Д’Арби?

Новите генерации тешко дека го знаат, но ние го памтиме по неговиот одличен деби албум од 1987, кога беше прогласен за конкурент на Мајкл Џексон и Принс. Потоа ѕвездата како да му згасна. За неколку денови издава нов албум, под новото име, Сананда Маитреја. 

Бил Мареј снима нов албум - рецитал со читање и класична музика

Актерот познат по неконвенционални јавни настапи и откачени проекти има нов - ќе пее и ќе чита на албум на кој ќе се најдат дела на Гершвин и на Бах.

Рап албум како докторска дисертација

А. Д. Карсон од Универзитетот Клемсон во Јужна Каролина е поет, активист и рап артист, но не и типичен кандидат за докторска титула. Кога дошло време да ја пишува тезата, тој влегол во студио, и наместо текст на хартија креирал албум со 34 песни. Нека му е со среќа одбраната.

Брајан Ино: градинар и футурист

На 1 јануари излезе новиот албум на пионерот на амбиенталната музика, кој има изјавено дека може да замисли ситуација во која нашите внуци со чудење ќе нè прашуваат како е можно да сме ги слушале истите песни одново и одново. Затоа, визионерски работи на таква музика која самата се пресоздава. 

Чии песни изведуваат Стоунси на новиот блузерски албум?

На 2 декември Стоунси го издадоа „Тажен и осамен“ (Blue &Lonesome), нивниот прв студиски албум по десет години. На него има 12 песни од блуз генијалци, речиси сите од чикашката сцена.

Чак Бери има нов албум на 90 години

По 38 години, ова ќе биде првиот албум со нова музика на Бери, кој ќе се вика едноставно - „Чак“.

Новиот албум на Стинг инспириран од Боуви, Принс и климатските промени

На 64 години, и покрај целата таа јога а богами и младешкиот изглед, и Стинг изгледа го фатило фуфка по заминувањето на неколку негови колеги. Па за само три и пол месеци сними нов албум, прв материјал по три години молк, и прв поп-рок по една деценија.

„Паднати ангели“ - новиот албум на Дилан

На 20 мај официјално ќе излезе 37-миот албум на Дилан. Четири дена подоцна тој ќе го прослави 75-тиот роденден. Деновиве на повеќе странски сајтови имаше привремен стриминг на песните, со порака дека се „недостапни во нашиот регион". Божем нема да се снајдеме...

Од фудбалски сликички во подрум до милијарди евра

До ЕП 2016 останаа уште 44 дена, а тоа значи дека колекционерите на сликички Panini почнуваат со традиционалното полнење на албумот за таа прилика. Целата сторија тргнува од еден милански подрум.

Нов албум на Брајан Ино

Се вика „Бродот", и е прв албум на Ино по „Лукс" од 2012. Освен техниката на снимање, интересна е и неговата структура, која потсетува на книжевно дело.

Албумот снимен од затвореници кој е номиниран за Греми

Музичари-затвореници во иста категорија за награда со Анушка Шанкар или Жилберто Жил? Еден таков бенд од Малави сега е во таква ситуација, иако неговите членови веројатно не ни знаат за ова.  

Автобиографија и нов албум на Том Џонс

Kнигата „Преку врвот и назад" и албумот „Одамна загубениот куфер" излегоа истовремено, и се надополнуваат како книжевно-музичка приказна. Тие зборуваат за корените на славниот пејач, кој на 75 години звучи како да има уште многу за возење.

Нов албум на Жан-Мишел Жар

Масив атак, Лори Андерсон и Моби се меѓу соработниците на новиот проект на Жар, кој не само што физички изгледа доста свежо за свои години, туку според она што го слушнавме од албумов има уште многу да каже во полето во кое беше еден од пионерите.

Рики Ли Џонс има 60 и нов албум

„Една од најнесоодветните споредби кои некои се обидел да ѝ ја закачи на Рики Ли Џонс е дека таа е женски Том Вејтс", вели текст во New Musical Express од 1979 за тогаш младата музичарка. 

Манастирска музика што најдобро се слуша со пиво

Можеби не е баш соодветно да се каже дека Бенедикта е „бенд“, затоа што се состои од 18 монаси, од манастирот Св. Бенедикт во централна Италија. Нивниот нов албум „Напеви од Норча" веќе е хит, а најдобро легнува доколку се слуша пиејќи го пивото коешто самите го произведуваат.

Ќе биде објавен последниот - стоти - албум на Френк Запа

Летово конечно ќе излезе Dance Me This, снимен пред смртта на Запа во 1993, кој заокружува една баш фина бројка - стоти албум од Freak Out, снимен 1966.

Kaко да спиеш со Џеф Бриџис

Нашиот сакан Бриџис знае кои се вистинските вредности во животот. Една од нив, предуслов за сите останати, е добриот сон. Овој албум би требало да ви помогне ако имате проблеми на оваа тема. А ако немате проблем со сонот, опушта како да сте биле на масажа. Пуштете на добри слушалки и уживајте.

„Авонмор" - нов албум на Брајан Фери

Го заслушавме најновото од Брајан Фери, албумот кој излегува на 17. ноември, и заклучокот е - стариот сè уште е крал на кулот.

Слушнете го новиот албум на Леонард Коен

Целиот нов албум на Коен, кој ќе излезе на 23. септември. Повеќето од песните се од друг автор, а единствената којашто е негова е пишувана цели 40 години - ја преправал за да ја прилагоди на своите менливи теолошки расположенија. И уште ја нема целосно совладано.

Реставрираниот Харисон

На 22. септември ќе бидат реиздадени првите шест соло албуми на поранешниот Битлс. Комплетот се вика „Џорџ Харисон: 1968-75" и содржи музика од неговите денови под етикетата на славната група, Епл рекордс.

Винил кој „оживува“ преку апликација

На Ино не му е прв пат да замеша прсти во светот на телефонските апликации - претходно работеше на музички базираните Bloom, Air, Trope и Scape. Последната е направена во соработка со Карл Хајд од Андерволд, а по повод нивниот заеднички албум, Someday World.

Албум со преработки на Вејтс на хебрејски

Желбата да ви кажеме нешто ново за Вејтс, и така да си го направиме ќефот да го имаме на сајт, од време на време ни се остварува. Еве сега има цел албум со преработки на негови песни на - хебрејски.