Пред неговиот 80-ти роденден

Слушнете го новиот албум на Леонард Коен

Целиот нов албум на Коен, кој ќе излезе на 23. септември. Повеќето од песните се од друг автор, а единствената којашто е негова е пишувана цели 40 години - ја преправал за да ја прилагоди на своите менливи теолошки расположенија. И уште ја нема целосно совладано.

Два дена по неговиот 80-ти роденден Коен ќе го издаде неговиот 13ти албум под наслов „Популарни проблеми". Oсум од деветте песни се на друг автор - Патрик Леонард - за кого Коен вели дека е одличен соработник бидејќи кај него има отсуство на его, а обилност од музички идеи. Леонард (какво згодно презиме..) е композитор со француско-канадско потекло, кој стана најпознат по неговата соработка со Мадона на неколку нејзини албуми (од True Blue до Ray of Light). Како продуцент има работено и со Брајан Фери, Елтон Џон, Род Стујард, Пинк Флојд, а соработката со Коен почнала во 2012 кога бил ко-автор на четири песни на албумот „Стари идеи".

Коен вели дека тие двајца веќе имаат завршено и половина друг албум, што според него е необична брзина на создавање песни бидејќи „песната дава плод само ако доволно долго работиш на неа".

Токму такво „долго време" ѝ било потребно на Born in Chains, единствената од албумот чиј автор е Коен, a која ја пишувал цели 40 години. „Ја имам преправано многу пати за да се прилагоди на промените во мојата теолошка позиција", вели тој. Па сепак, и сега тој не е 100% сигурен во неа, иако вели дека откако ќе ја исвири стотина пати на концерти веројатно ќе стане совршена.

Веруваме во тоа, и му посакуваме на Коен успешен албум и среќен 80ти.

Целиот албум тука. Коментари во..коментари.

15 септември 2014 - 14:22