Нов проект на Брајан Ино и Карл Хајд

Винил кој „оживува“ преку апликација

На Ино не му е прв пат да замеша прсти во светот на телефонските апликации - претходно работеше на музички базираните Bloom, Air, Trope и Scape. Последната е направена во соработка со Карл Хајд од Андерволд, а по повод нивниот заеднички албум, Someday World.

Апликацијата (може да ја симнете тука) го препознава центарот на ЛП-то (или ако немате физичка копија, неговиот дигитален еквивалент) и создава надградена реалност врз самиот албум. Таа е инспирирана од една реченица која Ино и Хајд ја напишале на табла во студиото за да им го поттикне креативниот процес - „Гради градови на ридови" (на македонски дури има и рима).

Еве демонстрација како изгледа сето тоа. А изгледа многу добро.

Само три недели по издавањето на споменатиот албум, Ино и Хајд најавија и нов, инспириран од „полиритмичната музика на Фела Кути и фанкот", кој ќе се вика High Life. Eдноставно, на луѓето им се работи заедно.

30 мај 2014 - 13:21