Clone of 40-минутен масакр низ Париз

Ноќеска шест локации во Париз беа мета на терористички напад: вооружени напаѓачи пукаа на публиката на рок концерт и на гости во ресторан; а неколку бомби беа детонирани во близина на Стад Де Франс каде што играа Франција и Германија. Оланд соопшти дека нападот е дело на џихадисти на ИСИС. Неколку часа подоцна ИСИС ја презема одговорноста.

Најкрвав бил инцидентот на концертот во Батаклан, каде се убиени 87 луѓе. Сведоштвата се дека вооружени мажи отвориле оган на присутните. Дел од преживеаните сведочат дека како што француските специјалци напредувале, тројца од терористите ги активирале своите самоубиствени бомби.

"Сите трчаа од сите правци кон сцената. Беше стампедо, дури и јас бев прегазен. Видов многу луѓе како беа застрелани. Убијците имаа доволно време за барем три пати да наполнат муниција. Тие не ни беа маскирани, знаеа што прават, и беа многу млади," изјавил еден од посетителите на концертот.

57-годишен маж кој исто така бил на концертот, раскажува: "Изгледаше како воено поле. Бев на земја, насекаде имаше крв, насекаде имаше тела. Бев на спротивната страна од салата кога почна пукањето. Изгледаше како да има само двајца што пукаат. Пукаа од балконот."

Инцидентите се:

- Батаклан - 87 жртви
- Стад де Франс - непознат број
- Булевар де Шарон - 18 убиени
- Булевар Волтер - еден убиен
- Ру де ла Фонтен-о-Роа - 5 убиени
- Ру Алибер - 14 убиени.

(Снимка од натпреварот на која се слушаат првите експлозии)

Освен загинатите, низ градот има уште најмалку 200 повредени од нападите од кои 99 се во критична состојба (нова бројка според Ројтерс). Засега загинати се најмалку 8 напаѓачи, од кои 7 се самоубиле со бомби. Ова се првите напади на бомбаши самоубијци во Европа од нападите на 7/7 во Лондон.

Француската телевизиска станица БФМТВ објави дека напаѓачите од Батаклан извикале "Ова е за Сирија" пред да почнат со пукање.

(Еден од сведоците на експлозиите во околината на Стад де Франс објаснува како неговиот Самсунг сопрел шрапнел од бомбите)

- Гардијан ја пренесува изјавата на нивен човек кој бил на натпреварот:

"Бев на натпреварот. Некаде на средина на првото полувреме имаше експлозија. Ми беше чудно, ама тогаш се случи и втора експлозија, се тресеа седиштата, и тогаш сфатив дека нешто не е како што треба.

Бев со неколку пријатели и никој од нас не ги гледаше мобилните. Потоа кон крајот на натпреварот пријатели почнаа да ни се јавуваат.

Натпреварот се одигра цели 90 минути. До тогаш имав чувство дека сите таму знаат што се случува. Сите беа тивки. Атмосферата можеше со нож да ја исечеш. Ужасно беше.

Дел од луѓето почнаа да напуштаат ама ние мислевме дека е побезбедно да се остане на стадион.

Сепак одлучивме да си одиме. Надвор речиси и да немаше полиција. Само луѓе што се во паника. Имаше гласини дека има некој што пука, луѓе трчаа во сите правци."

- Дизниленд Париз, една од најголемите туристички атракции во Европа, одлучи денес да не отвора за посетители. Во соопштението, тие наведуваат дека ова го прават "по последните трагични настани во Франција и во знак на поддршка за нашата заедници и жртвите на овие ужасни напади."

- Либерасион објавува дека архиепископот на Париз утрово повикал на "воздржаност" во очи на "варварството" од петочните напади. Тој изјавил "нашиот град Париз и нашата држава, ноќеска беа погодени со исклучително дивјаштво и интензитет," дополнувајќи дека воздржувањето, смиреноста и самоконтролата ќе бидат клучни во следните седмици.

- Видео од новинарот на Монд, Даниел Псени, чиј стан гледа на споредниот излез од Батаклан. Самиот Псени бил застрелан во рака обидувајќи се им помогне на луѓето да се скријат во неговиот стан.

- Шив Малик од Гардијан го анализира потеклото и идентитетот на групата која ги извршила нападите:

"Се уште не е јасно дали ова е ИСИС, Ал Каеда или можно (ама на раб со неверојатно) - трета страна.

Ако ова е Ал Каеда, имајќи предвид дека тие, а не ИСИС се одговорни за нападот на Шарли Ебдо, тогаш нивната покриеност и ресурси во Франција се застрашувачки опсежни.

Напади како овој е она што и помага на Ал Каеда да привлече финансирање и да остане релевантна за нејзините, се помалобројни, поддржувачи низ светот. Напади како овој постигнуваат и една од главните цели на организацијата одделување на Муслиманите на Западот од Западното општество.

Ако ова е ИСИС тогаш е загрижувачки во однос на нивниот досега незабележан капацитет на Западот. Ова е прв пат како тие спровеле вака голема екстремно добро испланирана акција во Европа. "

(аматерско видео од околината на Стад де Франс)

- Доктор од Париз го твитнал СМС-от што целиот го добил целиот медицински персонал во градот.

"Претставете се во вашата најблиска болница и помогнете како што умеете. Ако не сте им потребни во вашата локална болница, потребна е помош во следниве болници: Bichat, Pitié Salpêtrière, HEGP, Lariboisière."

- Францускиот претседател соопшти дека нападите се дело на џихадистите на ИСИС, и дека ова е "објава на војна". Тој прогласи вонредна состојба, и побара дополнителни 1.500 полицајци да бидат распоредени на улиците на Париз.

(via @RamiAlLolah)

- Нападите во Париз подредени по време на случување:
21:20 - прва експлозија на Стад де Франс
21:25 - отворен оган на улицата Бишат
21:29 - отворен оган на авенијата на Републиката
21:30 - втора експлозија на Стад де Франс
21:38 - отворен оган на улицата Шарон
21:43 - експлозија на булеварот Волтер
21:49 - отворен оган во Батаклан, а потоа и експлозии
21:53 - трета експлозија на Стад Де Франс
22:00 - отворен оган на булеварот Бомарше

(виа @AgnesCPoirier)

- Германските медиуми известуваат за апсења во Баварија поврзани со нападите во Париз. Додека француските и белгиските медиуми споменуваат постоење на белгиска врска во организирањето.

виа @BBCkatyaadler

- ИСИС ја презема одговорноста за нападите. Акцијата е подолго време планирана и е извршена од нејзини членови бомбаши самоубијци, кои дополнително се опремени со автоматско оружје.

Дополнително:

- Која е групата што имаше концерт во Батаклан?

- Извештајот на Оффсајд за синоќешните напади

- Солидарност за Париз

14 ноември 2015 - 12:38