Јака историска снимка од архивите на МРТВ, стара 50 години со Атанас Костовски кој тука има 32 години. Дава осврт на Мундијалот од Мексико кога Пеле стигна до третиот златен пехар, а прв стрелец е Герд Милер со 10 гола.
Костадин Захов - Дино бранеше за Беласица, Вардар, Турново, Брегалница, а од 2016-та е во Шкендија. Има и еден настан за Македонија на квалификациска против Албанија пред четири години, ама сега пазете му го овој настап.
Македонската фудбалска репрезентација синоќа одигра и трето полувреме ама пред хотел, каде беше пречекана со музика. Се пееше, се вртеше оро, Џани ја фати гитарата, а кулминација настана кога Стефан Ристовски го грабна тапанот.
„Бомба да пукни до него нема да мрдни од шо е сконцентриран и смирен“, стои во еден од коментарите под видеото објавено и раширено по социјалните мрежи. Време е да потсетиме на легендарниот Ристо Ничевски и неговата невидена динамика на коментирање.
Со победа од 6:4 над ЈСП, златниот медал во овогодишната сезона во Бизнис лигата отиде кај екипата на Лукоил. Во борбата за трето место Рамстор го совлада ЕЛЕМ.
Само екипата на ЕЛЕМ успеа да излезе како победник во третиот ден од 21. коло во Бизнис лигата на Македонија. Другите две средби завршија без победник.
Александар Божиков од екипата на Фабрика Карпош со 6 погодоци е најдобар стрелец на 13-коло во Бизнис лигата, а за екипа на колото е прогласена Македонски Телеком.
Од денеска па до 29 јануари ќе уживаме во врвен ракомет кој ќе го играат најдобрите светски селекции меѓу кои е и Македонија. Домаќинот Франција ја брани титулата и вечерва отвора против Бразил.