Нова книга се занимава со минатото и иднината на авторските права. Дали тие им се од корист на креаторите или создаваат нееднаквост, тоа зависи кому му е поставено прашањето.
Три дена откако стана крал на Данска, Фредерик Десетти неочекувано објави книга, која пак очекувано веднаш стана бестселер. Во неа дискутира политички но и поинтимни теми, како своето детство, односот со починатиот татко и тоа дека жена му, по потекло Австралијка, во расправии не му попушта на кралот.
Во својата нова книга, холандскиот политички филозоф Ингрид Робејнс нуди план за дејствување во три точки со кој би се излегло на крај со екстремната концентрација на богатство и би се намалила нееднаквоста. Нејзината генерална идеја е - кога се во прашање парите, многу арно не е на арно, за сите.
Со сопствена армија, покраината Ва е голема колку Холандија, но не е позната по „трева“, туку по многу посилни дроги кои ѝ овозможуваат да е де факто независна држава. Нејзиното постоење меѓу другото се должи на грешките, а во некои случаи и поддршката кои овие босови ја имаат добивано од американските власти.
Станува збор за новa историско-фантастична книга на актерот, кој е „спин-оф“ на неговата серија од 12 стрипови под наслов „БРЗРКР“. Повторно главен лик е бесмртниот херој Берзеркер, но против кого овој пат ќе се бори останува да видиме.
Малку е неправедно кога си бил освојувач, цар, социјален реформатор, основач на првата централна банка и еден од најславните војсководци на сите времиња, луѓето да се бават со твоите сексуални преференци, и притоа да утнат. Ама па, славата си има свој данок.
На преминот од 19 во 20 век најбарана книга во американските библиотеки не била некоја класика, туку роман на британска авторка, во која девојка со нежна природа се бунтува против социјалните стеги. Kритичарите ја опишале како површна, но продажбата одела како луда и од авторката направила милионер.
Здодевниот академски живот на еден професор по еволутивна биологија буквално преку ноќ ќе се промени, кога милиони луѓе ќе почнат да го сонуваат - сценарио за коешто никогаш не сонувал и кое нема да му донесе ништо добро.
Од мемоари на славните, преку нови дела на извиканите големи автори до интересни романи на дебитанти, годината во која тукушто влеговме изгледа како да ветува кога се во прашање нови книжевни изданија.