На корицата на новата книга на новинарот Момчило Петровиќ покрај насловот стои и следново предупредување: „Ова не е книга за паранормални појави, туку документарно четиво“ и извичник. И ова не е случајно, бидејќи укажува на можноста/ризикот бројните луѓе кои се уште веруваат во магии, и не само во Србија туку и на целиот Балкан, да посегнат по неа како по прирачник.
Пред некое време бевме присутни на тажна сцена - убава стара зелена табла беше заменета со „смарт“ од новите, која бара посебен и скап проектор, и која никој од прва не знае да ја користи без посебна обука. Не ги гибајте старите школски табли и кредата на нив!
Во ново издание под наслов The Singers Talk, некои од најголемите пејачи на нашето време зборуваат за нешто за коешто никогаш не се прашани - нивниот „алат“, односно гласните жици. Ози Озборн, Брус Спрингстин, Роберт Смит од „Кјур“, Том Јорк и голем број други откриваат што мислат за сопствените гласови.
„Изградив репутација на прозен автор, но почнав со пишување песни“, вели Ишигуро, добитникот на Букер и Нобел. Жената за чии џез изведби пишувал стихови се вика Стејси Кент.
Нова интригантна книга на географката Џеј Овенс покажува зошто честичките кои летаат низ воздухот се истовремено и спас за природата и нејзин отров. Таа е тука не само кога ќе заборавиме да забришеме по дома, туку и - или особено - кога не ја гледаме.
Во пресрет на првото Државно првенство во „Катан“, кое ќе се одржи на 20 август од 11 часот во „Јавна соба“, рецепти инспирирани од оваа игра-бестселер, и причина повеќе да почнете да ја играте - ем друштво, ем добра храна.
Во 1926 професор од Њујоршкиот универзитет - образовен реформатор со големи соништа - се нафатил на храбар експеримент. „Храбар“ значело (а и денес значи) дека шансите да не успее биле големи. Така и испаднало.
Неодамна излезе книга на францускиот историчар и социолог Жорж Вигарело која го анализира феноменот на уморот од средниот век до денес. Без оглед за кој период станува збор, чувството на истоштеност кое го навјасува духот и ни ја влече снагата надолу е исто.
Терминот „транспарентност“ стана мантра на епохата. Тој е клучен за западното разбирање на либералното општество. Очекуваме транспарентност, достапност, видливост од политичките институции, од корпорациите, од медиумите. Но како таа стана толку моќна и глобална идеја?
Прв пат објавен во 2005, овој прирачник за телесни гестови содржи 850 движења, вклучувајќи го целото тело од усни до колена. Кој би рекол дека дури и со трепки човек може да зборува?
Историчарката на наука Лорејн Дастон е авторка на книга „Правила: кратка историја на она кон што се придржуваме“. Oпишана како „панорамски преглед на правилата на западниот свет“, таа го трасира развојот на правилата од древни до модерни времиња, притоа земајќи предвид извори како сообраќајни регулативи, правила за играње игри, готвачи и воени прирачници.
Раскажувањето добри приказни преку игри е навистина тешко. Тие наметнуваат и такви предизвици со кои писателите вообичаено не се соочуваат. На пример, ако на играчот му е дозволено да носи примарни наративни одлуки, тогаш приказната веќе нема дефиниран протагонист. Ако пак му се одрече контролата врз одвивањето на приказната, тогаш се укинува главниот елемент што игрите го нудат во споредба со потрадиционалните, статични наративни медиуми - интерактивноста.
Во 2018 излезе англискиот превод на книга чиј поднаслов е „Како да се ослободиш од глупости што си ги собирал целиот живот“ на шведската авторка Маргарета Магнусон. Иако звучи како уште еден практичен и несентиментален пристап кон средување на куќата, таа, како и новата серија поврзана со неа, имаат посебен, скандинавски шарм.
Се вика Мишел Симоне и до сега не бил познат надвор од својот роден Фрибург во Швајцарија. Локалците го знаат по веселото пеење додека го собира отпадот од улиците и по розата закачена на неговата количка за чистење. Откако на Инстаграм беше постирано видео од него кое стана вирално, се дозна дека тој е и писател.
Нова книга од Пати МекКракен го истражува случајот на тн. „создавачки на ангели“ - неверојатната, вистинска приказна за намерно труење со арсен помеѓу унгарските селани од почетокот на 20 век.
Идејата дека телесните процеси можат да го „издадат“ умот постоела со векови. Во древна Кина осомничените требало да џвакаат неварен ориз - се верувало дека тој би се залепил за сувите, нервозни усни на виновните. Во 1730, Даниел Дефо, авторот на „Робинзон Крусо“, сугерирал дека забрзаниот пулс на потенцијалните џепџии би бил знак за нивно распознавање. „Вината секогаш со себе носи страв“, напишал тој. „Во крвта на крадецот има тремор“.
Жефроа де Лаганери вели дека давањето предност на пријателствата пред љубовните врски или семејството е радикален чин на отпор кон денешното општество, кое авторитарно наметнува приоритети.
Каква врска има марксизмот со климатските промени, еколошката криза и аргументите за економија без раст? Нова книга под наслов „Маркс во антропоценот“ на јапонскиот филозоф Кохеи Саито, која излегува од печат денес, 28.2., тврди дека таква врска има.
„Немој да станеш писателка. А ако станеш, не се мажи со друг писател“ - бил советот до авторката на новоизлезена историја на книжевните бракови од нејзиниот професор по книжевност. Таа го послушала, се омажила за архитект, а пишувајќи ја оваа книга сфатила на што мислел.
Нова, постхумно издадена книга на прерано починатиот антрополог Дејвид Гребер, која официјално излегува утре, 24.1, тврди дека голем број вредности кои западот инсистира дека се негова рожба се всушност производ на протодемократски уредувања во далечни земји и на изолирани острови, некаде далеку од Европа.
Малку е да се каже дека книжевна (?) тема број еден на почетокот на 2023 е автобиографијата на принцот Хари, особено (и разбирливо) во Британија, каде книжарници отвораа и на полноќ за да излезат во пресрет на љубопитните читатели. Нам не ни е толку интересна содржината на книгата, туку нејзиниот гоуст-рајтер.
И кај нас има политички вртикапи кои ја менуваат нивната определба секогаш кога ќе проценат дека тоа им се исплати, вадејќи се на „развој“ на нивните убедувања, кои и не се баш убедливи. Оваа книга е за шестмина американски интелектуалци кои идеолошки свртеле од лево кон десно, a aвторот се обидува да сфати зошто, и како.
Направен според романот на добитникот на Нобеловата за книжевност, Португалецот Хозе Сарамаго, овој филм е дистописка алегорија за човечката состојба. Онаа во којашто се наоѓаме во моментов.
Дјук Елингтон во неговата автобиографија „Музиката ми е љубовница“ се пофалил дека е најдобриот слушател на музика на свет. И во ова има нешто - како што за да бидеш добар писател прво треба да научиш да читаш туѓи дела, така и за да создаваш музика треба да ги отвориш ушите. Така таа полесно стигнува и до срцето.
Не, претставувањево на книгава нема, или барем нема намерна врска со претстојните избори. Едноставно, по претставувањето на првата книга во серијава текстови, за тоа како да раководиш со нарко-картел, оваа ни изгледаше како логично продолжение.