Јасно е дека е подобро да јадеш и да пиеш отколку да читаш како сето тоа се прави, но има и нешто во жанрот, кориците и илустрациите, и воопшто славењето на храната во овие книги што прави да ти дојде вода на уста.
Типичното „логично“ размислување е дека популарноста на еден медиум директно се преведува во популарност на друг. Но бројот на следбеници на социјалните медиуми можеби помагаат да се потпишат договори за книги, но не и тие да се продадат во очекуваниот број.
Од мемоари на истражувачи кои делуваат како да се романи до дела на ветерани во областа на науката, ова се дела кои ја збогатија научно-популарната литература во 2021, по избор на магазинот Смитсонијан.
Писателот Марк Билингем советува гневно да се катапултира низ соба книга која по 20 страници не успева да го задржи вниманието. Но изненадувачки 40% од луѓето всушност продолжуваат да читаат, оти не сакаат работите да им бидат недовршени.
Некои од книгите кои денес се сметаат за најдобри во модерната историја на книжевноста, како „Квака 22“ или „Нежна е ноќта“, не наишле на добра критика на страниците на влијателниот весник. Не дека тоа нешто многу им наштетило.
Во средниот век правењето книга подразбирало години и години работа. Писарите се кичмеле над ракописите, осветлени само од природно светло - свеќите биле преголем ризик - и минувале часови и часови секој ден рачно испишувајќи букви. Нормално дека биле ифрит лути ако некој им ја уништел или украдел завршената книга.
Прашањето за тоа кој треба да ги поседува книжевните дела и колку долго е тема на остра полемика. Неа ја предводи движење за укинување на авторското право, или барем за намалување на неговото времетраење.
Доколку сакате да ги одморите очите од компјутер или ве мрзи на пат да носите лап топ, анегдотите и пикантериите во спортот раскажани од најдобрите, може да ги најдете во книга. Еве мал дел од тоа што е добро за читање.
Според истражување кое зело предвид 2,500 книги кои се појавиле на бестселер листите на Њујорк тајмс, како и најдискутираните книги на Гугл, просечната должина на книгите (на англиски) од 320 страници во 1999 се зголемила на 400 страници во 2015. Што така?
Од 19 век па до денес во кубанските погони за производство на пури и кубански цигари многу важна улога имаат тн. „лектори" или читачи. Тие не само што информираат и забавуваат, туку од ваквата своја улога црпат и големо политичко влијание.
Пред некое време едно (наше) осумгодишно дете нè остави без зборови кога на стандардното теткинско прашање „Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш?" брзопотезно изјави - јутјубер! Нему, за разлика од нам, му е сосема јасно дека се работи за респектабилна, атрактивна и над сè профитна професија. Плус сега вклучува пишување книги.
Измена во закон од 2013 во Романија им овозможува на осудениците да скратат 30 денови од нивната затворска казна за секое дело кое ќе го напишат и објават. Романските тајкуни и политичари затворени за корпуција сега се фатија за пенкалата.
Ентони Бордејн има нов проект, кој на прв поглед не е поврзан со готвење. Се вика „Сиров занает" (Raw Craft), a се работи за кратки филмови во кои познатиот готвач ги претставува „најдобрите занаетчии на Америка".
Најпознат како некогашен вокал на Р.Е.М., Стајп е автор на фотографии и дизајни на албумите на бендот, го има осмислувано осветлувањето на нивните настапи, а режирал и неколку од нивните видеа. Од неодамна работи како визитинг професор на одделението за уметност на Њујоршкиот универзитет. Еве кои се неговите 10 омилени книги, со краток коментар.
Со развојот на технологијата на обезбедување на книжарниците, како и со подемот на електронските изданија, ни крадците на книги веќе не се она што биле. Овие лондонските ги замислуваме како живописна, но софистицирана дружина апаши, на кои мора да им се признае - дека барем книга имаат отворено.
Колку пати сте слушнале дека некој „сака да чита", или сте изјавиле дека сте „љубител на добрата книга"? Нашата врска со книгите често личи на љубовна приказна, која вклучува занесеност, интимност, опсесивност. Но односот кон книгите и читањето не бил отсекогаш таков.
Самообвинувачката флоскула „заради ова интернетов" за многумина стана главен изговор што долго време не зеле книга в рака. Тоа станува уште поиронично имајќи го предвид „бук"-от во името на Фејсбук. Но Закерберг сега ќе ја оправа работата.
Писателот Остин Клеон, нам познат по бестселерот „Кради како уметник", манифест за креативноста во дигиталното доба, состави листа на сопствени ветувања во врска со читањето. Ни изгледа како фин вовед во Новата, иако повеќето од спомнатите работи веќе ги правиме. Ама бр. 5 ќе мора да гo вежбаме.