Новак во клинч со публиката на УС Опен

Ѓоковиќ го збриша Холанѓанецот Талон Грикспор со 3:0, во меч кој траеше 1 час и 39 минути и во трето коло се среќава со Нишикори. Но во текот на мечот се нервираше со поединци од трибина кои редовно го деконцентрираа.

Светскиот тениски ас се жалеше кај судијата и му објаснуваше дека не му смета што му довикуваат меѓу поени, туку дека тоа го прават пред секој негов удар и затоа бараше да ги опомени.

3 септември 2021 - 10:09