Не баш нормален пресврт во женски тенис

Познатата француска тенисерка Кристина Младеновиќ, 44-та на светската ВТА ранг листа синоќа на УС Опен играше против 20-годишната анонимна тенисерка од Русија Варвара Грачева. Првиот сет Младеновиќ го добива со 6-1, во вториот води 5-1 и при 5-2 има четири меч топки на 0:40. Грачева успева да направи неколку брејка, да израмни во тај брејк и во третиот сет да ја потопи Кристина Младеновиќ со 6-0.

Во женскиот тенис редовна појава се чудни пресврти, но ова што и се случи на Кристина Младеновиќ не е баш секојдневно:

Во 3. коло сега Варвара Грачева ја чека 15. тенисерка на светот, Петра Мартиќ од Хрватска.

3 септември 2020 - 09:10