Судиски грабеж во ЛШ, на Еурофарм Пелистер не му беше признат чист гол во финишот

Еурофарм Пелистер го бележи и осмиот пораз во Лига на шампиони, овој пат од ПИК Сегед, тесно со 27:28. Но судиите направија сериозна грешка, која можеше директно да влијае на конечниот резултат. На само 3 и нешто минути до крајот, на Урош Борзаш не му признаа чист гол при резултат 25:26. На видеото јасно се гледа дека цела топка влезе по гол, а потоа излезе.

23 ноември 2023 - 09:12