Ракометен дебакл во Португалија

Се надевамве на победа за добрлижување до Европското првенство во Данска, а доживеавме дебакл. Ракометната репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Портигалија со 32:25.

Македонските ракометари беа подобри само на стартот од натпреварот кога водеа со 2:3, но потоа домаќините направија пресврт и со голема серија бргу поведоа со 11:4 на половината од првото полувреме.

Португалците успешно го затворија Кире Лазаров и ја одржуваа предноста која во 23-та минута изнесуваше +7 (15:8), а до полувремето нашите ракометари намалија на 18:13.

Во второто полувреме македонската репрезентација одиграа поангажирано и во неколку наврати намалија на -2, а неколку пати имаа и напад за намалување, но наместо да се доближат на еден гол тие го прокоцкуваа нападот, а Португалците го зголемуваа водството.

На крајот нашите целосно се опуштија и загубија со 32:25.

Најефикасен во редовите на македонската репрезентација беше Кире Лазаров со девет голови, а Манасков постигна шест.

4 ноември 2012 - 20:19