Лејно ги спушти ролетните, Вардарки се во финале

Во доста неефикасен натпревар (посебно во првиот дел), преполн со грешки и на двете страни, Вардарки успеаа на крај да излезат како победник во второто полуфинале на Ф4 во Будимпешта. Ќе гледаме реприза на ланското финале.

ЖРК Вардар се избори за второ финале по ред на фајнлфорот во Будимпешта откако го совлада Ростов со 25:19. Клучен човек на мечот дефинитивно е Амандин Лејно која блесна со 17 одбрани.

Натпреварот го одбележаа многу грешки и прекини и на двете страни, особено кај Русинките, но и Вардарки не беа на своето препознатливо ниво.

До 17 минута од мечот Ростов постигна само 2 бедни гола и Вардар во тој момент имаше водство од 6:2, а тоа се должеше пред се на фантастичната Лејно која само во првите 14 минути имаше 7 интервенции.

Скроз неорганизирата игра на Ростов, Вардарки можеа да ја казнат многу повеќе, но и тие грешеа и не делуваа многу концентрирано па на пауза имаа +3 (10:7).

ЖРК Вардар докажа дека е поквалитетен противник и ниту еднаш не го испушти водството ниту во вториот дел. Варираше од 3 до максимални 6 гола разлика и само во еден момент беше -2 во 47-ма минута.

Најефикасни ракометарките на мечот беа Лекиќ и Пенезиќ со по 7 погодоци, Радичевиќ постигна четири, а Лазовиќ три.

Финалето против Ѓер од кој Вардарки лани загубија со еден гол разлика се игра утре во 18:00 часот.

Ова е последна шанса за овој силен состав на Црвено-црните да стигнат до европската титула во својот петти фајнлфор во низа.

12 мај 2018 - 19:33