Навивачот кој ги има доживеано сите светски и европски титули на Италија

Во 1934-та година фудбалската репрезентација на Италија го освои Мундијалот. Тоа им е прв трофеј. 87 години подоцна си заминаа со трофеј од Вембли. Има Италијанец кој е жив сведок на цела таа историја.

Овој подвиг кој се верува дека е рекорд меѓу италијанскиот народ стои зад името на 101 годишниот Франческо.

Тој е единствениот жив Италијанец на сите титули во историјата на Италија. Тоа се четири светски и две европски титула.

За Франческо, триумфот против Англија на 11 јули донесе огромна и посебна еуфорија, успех кој го нема почувствувано 53 години. Тој е роден во 1920-та година и живее во Канада.

Листата на трофеи на Италија и неговата возраст одат вака:

СП 1934 – 14 години
СП 1938 – 18 години
ЕП 1968 – 48 години
СП 1982 – 62 години
СП 2006 – 86 години
ЕП 2021 – 101 година

Следна година е Светското во Катар. Да е жив и здрав Франческо.

16 јули 2021 - 14:42