Јапонската култура стаса во Катар уште првиот ден

На отворањето играа Катар и Еквадор. Многумина го напуштија стадионот, ама малкумина останаа за да си го запазат редот, а тоа се јапонските навивачи, кои каде и да одат се познати по своето педантно чистење на трибините.

Видеото го објави јутјуберот Омар Ал Фарук од Бахреин кој се чуди што јапонската публика опремена со торби го собира ѓубрето на крај.

„Зошто го правите ова? Ние сме Јапонци и не оставаме ѓубре зад нас и го почитуваме местото“.

Собираа и знамиња за кои велат дека треба да се почитуваат.

21 ноември 2022 - 13:22