Чаир во Струмица почна натпревар без противник на терен

Остај ти Јокиќ - Леброн и гледај каква кошаркарска претстава имаше кај нас и тоа во прва лига. Ако си оди Партизан, Жељко тука сакал да биде тренер.

Струмица го пречека Чаир дома, ама уствари не го пречека и не се појави како домаќин во салата Парк.

Се работи за меч од четвртото коло во рамките на плеј аутот во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Причината за овој резил за сега не е позната, а во медиумите се шпекулира дека играчите штрајкуваат поради големите финансиски проблеми.

Гостите го добија натпреварот службено, а од „пресметката“ има и видео стрим кој го доловува циркузот.

На 46:02 гостинските кошаркари ја поздравија публиката што ја нема, а 20 секунди подоцна скокаа по топка, па уште и отидоа и на забивање.

Врвот е 2:09:00. На некои дечки им почна терминот за фудбал. Прејако.

18 мај 2023 - 09:03