Фудбал

Интер доби нови газди, Жанг не исплатил долг на време и истекол рокот

Чудна игранка се случува деновиве во редовите на италијанскиот шампион Интер. Клубот чија екипа апсолутно убедливо стигна до скудетото оди во друга сопственост откако првиот човек Стивен Жанг не платил долг од 395 милиони евра на време.

Деца гледајте и учете од Тони Крос

Има 31 трофеј освоени со великаните Реал Мадрид и Баерн Минхен и светска титула со Германија. Го пушташ клипов и мислиш дека е направен во соблекувалната на Башкими. Тони Крос носи стар модел на копачки Адидас Адипјур 11 Про и сам си ги пере после секој меч сè додека не му се скинат. Инаку ги нема повеќе во продажба, но компанијата ги произведува за него. Каква олд скул људина од човек.

GOAT не е ниту Меси, ниту Роналдо, туку Скот Карсон од Манчестер Сити

Прв пат слушате за него така? И ние исто. И немаше ниту да слушнеме ако не пишуваа во Англија дека обезбедувањето го исфрлило од забавата на Сити во 4 сабајле.

Тикви се направиле

Фудбалерите на Манчестер Сити ја прославија новата титула, четврта по ред или вкупно 10-та во Премиер лигата. До 5 сабајле заглавиле, ко на матура.

Сите 6 гола на Фил Фоден постигнати надвор од шеснаесетник

Ако некој играч сезонава се издвои од страшиот состав на шампионот Манчестер Сити, тоа е дефинитивно 23 годишниот Фил Фоден. Единстен е во својот клуб оваа сезона со 6 комада кои ги дал надвор од шеснаесет. Опасна му е левицата и не бадијала е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.

Бобан Николов: Мрме направи сплотеност и хемија, после секој собир едвај чекавме да се вратиме

„Најголемиот потег откако стана селектор му е тоа што го врати Пандев. Не треба да си само добар тренер туку и педагок и психолог, за играчите да те почитуваат. Кога Милевски стана селектор, се смени шоферот на автобусот затоа што бил од времето на Мрме“.

За Хрватска на Европско 2024 ќе игра играч кој бил градежен работник на скеле

Хрватскиот селектор Златко Далиќ по нестрпливо очекување од хрватската јавност, го објави проширениот список за фудбалери-кандидати за Европско 2024. „Коцкестите“ ќе одат во стандарден состав, со по некое ново име меѓу кои има и еден необичен лик.

Брест ни е најубаво изненадување во Лига на шампиони, а има и чудно стадионче

Најголемото изненадување во Франција и цела Европа е Брест кој во последното коло се бореше со Лил за 3. место на табела кое води во Лига на шампиони. На Лил на мечот против Ница му требал само победа за пласман во ЛШ, воделе 2-1 но во 90+3’ минута примиле гол и Брест кој славеше 0:3 кај Тулуз на крајот заврши трет и обезбеди прв историски пласман во Лига на шампиони!

Како Клоп ги правеше забавни прес конференциите

Знаеа и да го налутат, ама најчесто средбата со новинарите беше уживање за следење. Секогаш директен, природен и оригинален во одговорите. Еден и единствен. Јирген Клоп.

Најјаките голови на сезоната во Премиер лига и победникот Гарначо

Во најтесната конкуренција на топ 9 најдобри голови на сезоната во Премиер лига, Манчестер Јунајтед влезе со 3 гола, ама никој не може со ремек делото на 19 годишниот Алехандро Гарначо кој сосема заслужено ја доби наградата.

Најдолгата пенал серија во историјата бидна во Израел: 23-22

Баражот во трета лига на Израел за пласман во втора меѓу Димона и Шимшон Тел Авив завршил 1-1. Димона израмнила со гол во 90+3’ минута и мечот после продолженија отишол на пенали каде МС Димона победила 23-22 во најдолгата пенал серија некогаш изведена во историјата на фудбалот.

Еврогол на Милик, Јувентус се спаси од пораз после 3:0 за 8 минути

Спектакуларни 3:3 одиграа Болоња и Јувентус во нетипичниот почеделнички термин. Болоња имаше 3:0 до 76-та минута, но потоа целосно застана и на сцена стапија Киеза, Милик и 19 годишниот Кенан Јилдиз кои се 8 минута обезбедија бод. Јувентус за прв пат во историјата на Серија А останува непоразен после негатива од 3:0. Болоња 26 години ги бие малер, од 1998-ма ги нема добиено.

Да го запознаеме наследникот на Јирген Клоп - кој е Арне Слот?

Симпатичниот, харизматичен 45-годишен холандски стратег има сјајни резултати во досегашната тренерска кариера. Но сега го чека далеку поголем, огромен предизвик. Седнува на клупата на повеќекратниот европски првак и еден од најголемите клубови на светот. Ќе го издржи ли притисокот во најсилната лига?

Анегдота за Клоп и Боатенг

Некогашниот светски патник Кевин-Принс Боатенг кој играше за Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Џенова, Милан, Шалке, Лас Палмас, Ајнтрахт Франкфурт, Сасуоло, Барселона, Фиорентина, Бешикташ и Монца, раскажал една анегодта со Јирген Клоп.

Сув лист на колото

Ванкувер победил 1-2 на гости со Форџ во канадската фудбалска лига. Вториот гол за гостите го дал Васко Фрај директно од корнер.

Химната на ЛШ ечеше во соблекувалната на Брест

Заврши сезоната во Франција. Со шампионот ПСЖ претставници во Лига на шампиони на есен ќе бидат уште и Монако и Брест, како едно од најголемите изненадувања. Од 1991 до 2004-та играле аматерски фудбал, а потоа влегле во најниската професионална лига. Од 2019-та се прволигаши и немаат ниту еден трофеј. Има зошто ги откорнаа грлата. Испишуваат ново поглавје во својата историја.

Клоп заминува во свој стил, со денс на бина

Ливерпул организираше проштална забава за заминувањето на Јирген Клоп, на која се разбира царот не дремеше на маса, туку уживаше во први редови во друштво на пејачот.

Се разбира дека ќе ти се смее коментаторот

Ал Ахли ја совлада Абха со 5:1, а еден од гостинските играчи доби поклон топка од голманот и потоа сам себе се совлада. Неверојатна сцена.

Циркузантска бугарска сцена со судија кој се постави како Јап Стам

Имаме невообичаен дуел еден на еден на дуелот Черно море - Лудогорец, ама многу невообичаен, бидејќи се играше надвор од терен и во еден момент одбраната доби драстично засилување од страна на линискиот судија. 

Емотивното видео кое Ливерпул го спреми за Клоп

Тешко кој навивач на црвените ќе може да издржи да го изгледа видеото кое како благодарност за сè што направи за нив Ливерпул му го сними на својот сакан Јирген Клоп кој после 9 години заминува од „Енфилд Роуд“.

Марко Ројс на заминување цела трибина ја почасти пиво

Легендарниот германски фудбалер имаше господско испраќање на „Сигнал Идуна парк“. Возврати мангупски со многу јак и ретко виден гест.

Баер Леверкузен шампион без пораз - влезе на вечната листа на рекордери

Со победата од 2-1 над Аугзбург во последното коло од германската Бундеслига, шампионот Баер Леверкузен и официјално ја заврши сезоната во германската лига без пораз - 28 победи и шест нерешени на патот кон трофејот.

Пеп Гвардиола емотивен на прослава на титулата, со огромна почит зборуваше за Клоп

Конечно бидна и тоа. Заврши драмата во Премиер лига. Во последното коло Манчестер Сити со 3-1 го совлада Вест Хем, го сочува првото место и ја освои шампионската титула со 91 бод, два повеќе од Арсенал кој има 89.

Норвежанец му даде 4 гола на Реал Мадрид за 17 минути

Во претпоследното коло од шпанска Ла Лига, Виљареал и Реал Мадрид одиграа спектакуларен меч кој заврши со дури осум гола! На крајот реми 4:4. „Кралевите“ водеа 1-4 но норвешкиот шпиц Александар Серлот беше упорен и не дозволи Виљареал да изгуби.