Турците во чест на Јаховиќ направија кореографија со македонското знаме

Убаво изнедување и голема чест за македонскиот репрезентативец и покрај тоа што го немаше на терен.

Навивачите на Гезтепе синоќа направија кореографија во црвено жолтите бои на клубот, кои се совпаѓаат и со боите на Македонија.

Го истакнаа амблемот на клубот, а со него не едно, туку две македонски знамиња кои совршено легнаа на амбиентот.

Честа за овој прекрасен гест ја има Адис Јаховиќ кој за жал го немаше на овој натпревар против Ајтај поради повреда, кои гостите го добија со 0:2.

Јаховиќ втор пат го носи дресот на Гезтепе. За турскиот клуб прво потпиша на 31 август 2016-та и во две годишниот престој блесна со 35 гола на 49 натпревари, а потоа направи трансфер во Коњаспор вреден 1,5 милиони евра.

Потоа ги носеше дресовите и на Малатијаспор и Анталијаспор, а од февруари минатата година повторно е дел од Гезтепе за кој има и еден хет-трик против Хатајспор.

На искусниот 34 македонски напаѓач кој кариерата ја почна во Напредок во 2006-та, никако да му тргне за репрезентација.

И покрај кам бекот лани под водство на Благоја Милевски, тој сè уште е на овие 3 погодоци на 19 настапи.

7 февруари 2022 - 00:04