Списокот на правила на Маскерано за младинците на Аргентина

Хавиер Маскерано е нецела година селектор на Аргентина У-20. И покрај тоа што ова му е прво тренерско искуство, тој веќе наметнува свој стил на работа и се обидува од дечките да направи саглам луѓе за во иднина.

Маскерано има богат стаж во селекцијата на Аргентина и со 147 настапи само Меси е пред него по број на репрезентативни натпревари.

Има два олимписки златни медали и едно мундијалско финале. Кај момците од кои утре се очекува да го носат сениорскиот дрес и да ја претставуваат земјата на големи натпреварувања, уште на старт наметнал правила кои мора да се почитуваат.

И покрај тоа што дел од работиве се за деца од основно, Хавиер изгледа ништо не сака да остави на случајноста.

- Пишувајте ги домашните задачи на секојдневна основа.

- Мора да научите англиски.

- Во слободно време читајте книги.

- Чистете ги копачките после секој тренинг и натпревар.

- Земете ги вашите сопствени оброци наместо да се потпирате на тоа дека некој друг да ве служи.

- Чистете ги чиниите и приборот после јадење.

- Исчистете ја соблекувалната пред да заминете.

- Посетете работилници за комуникација за да научите како да се справите со медиумите.

„Сите менаџери имаат различни начини на работа. Рафа Бенитез е тотално различен од селекторот на Аргентина Диего Марадона и другите тренери што ги имав. Три и пол години работам со Рафа и сега можам да кажам дека сум подобар играч и подобра личност од кога пристигнав овде“, велеше Маскерано во 2010 година. 

Играчката кариера Маскерано ја заврши во 2020-та, а најголемите успеси ги постигна со Барселона каде освои 19 трофеи.

20 септември 2022 - 15:43