Словенецот кој се справи со болест и одново дава голови во Италија

Два месеци словенечкиот репрезентативец поминал на антибиотици. „Тоа беше прав пекол. Сериозно размислував да ја завршам кариерата“, рекол Јосип откако му откриле бактериско заболување.

На 20 август во првото коло од Серија А, Аталанта со 4:0 го згроми Фрозиноне. Пред тимот од Бергамо следуваа натпревари за влез во групна фаза од Лига Европа против Копенхаген и букмејкерите ги видоа Италијанците како голем фаворит во овој двомеч. Особено што претходните рунди екипата на Џанпјеро Гасперини ги помина убедливо лесно (му дадоа повеќе 10 гола на Сараево во 180 минути).

Но не испадна така. После нерешениот исход на двата меча, следуваа продолженија па пенали на кои славеше данската екипа.

Аталанта која лани играше Европа после долги години, овојпат остана без еврокупови што се одрази и на игрите во првнството каде се во долниот дел од табелата. После 10 кола Аталанта е близу зоната за испаѓање со 12 од можни 30 бодови.

„Нераѕурите“ од Бергамо немаа победа цели седум кола по ред (три нрешени и четири порази со гол разлика 5:11). Аталанта немала таква очајна серија во Серија А откако тренерот Гасперини седна на клупата во летото 2016-та.

Последен пат кога Бергамашите така слабо играа беше во зимата 2015-та и пролетта 2016-та кога под водство на Едоардо Еди Реја не победија на дури 14 меча по ред!

Тогаш Аталанта падна на 13. место а по крајот на сезоната Реја беше сменет од Гапсерини. Од тој момент Аталанта во две првенства заврши во зоната која води во Европа и беше најпријатно изненадување.

Тренерот Гапсерини летово заедно со клубот имал слаба трансфер кампања („Дојдоа многу неискусни млади играчи“) а имаше проблем и со здравјето на клучните играчи.

Словенецот Јосип Иличиќ во сезоната 2017/2018 постигна 11 гола и имаше 8 асистенции па заслужено стана главен играч на тимот за кого заинтересиран беше Интер. Но управата на Аталанта реши да го задржи Словенецот.

Набрзо после тоа, во месец јули, Јосип Иличиќ дознал неубава вест - му дијагностицирале бактеријално заболување на лимфниот јазол кое ја усложнило работата на усниот дел и вилицата.

Два месеци словенечкиот репрезентативец поминал на антибиотици. „Тоа беше прав пекол. Сериозно размислував да ја завршам кариерата“, рекол Јосип.

Иличиќ го хоспитализирале и му наложиле минимална физичка активност и одморање.

„Во таква ситуација многу размислуваш за животот и сфаќаш што ти е најважно на крајот. Ми беше чудно како сум можел да се нервирам или вознемирувам поради фудбал. Фудбалот падна во втор план, не ги следев ниту резултатите на Аталанта. Единствено од што се плашев беше дека повеќе нема да играм“, искрено раскажува одличниот словенечки репрезентативец кој играше и за Фиорентина и Палермо.

Лекувањето поминало успешно и на почетокот на септември Јосип се вратил на тренинзите:

„Почнав од нула, можеби и со -10%.“

Во четвртото коло Иличиќ влезе од клупата за резерви против СПАЛ, а потоа уште три пати заигра како резервен ниграч. На 21 октомври Иличиќ почна како стартер, Аталанта победи првпат после 2 месеци - а Иличиќ во триумфот од 5:1 против Верона постигна три гола.

„Тоа може ќе биде пресвртен момент во сезоната. Ако Иличиќ биде во таква форма, ќе се справиме со проблемите“, изјавил тренерот Гасперини кој имаше лошо искуство во Интер во минатото.

Против Парма минатиот викенд Јосип не постигна гол, но Gazzetta dello Sport го прогласи за играч на мечот. После неговиот шут Рикардо Гаљоло си даде автогол, а по неговиот корнер Џанлука Манчини ги постави конечните 3:0.

На осум меча без Словенецот во екипата, Аталанта постигна девет гола, а во два со него дури осум. Против Парма Бергамашите го поставија личниот рекорд во првенството со 30 удари кон противничкиот гол (статистика на WhoScored), а 10 од тие шутеви биле на Иличиќ.

Јосип досега одигра 276 минути но е трет во тимот по бројот на шутеви (18) и прецизни додавања (12). Најдобар е по бројот на дриблинзи (10) и втор е по удари во рамки на голот (9).

„Враќањето на Иличиќ е величествена новост за нас. Имавме психолошки проблеми а Јосип ни помогна да ги решиме“, вели Гасперини. Аталанта во мооментов е на три бода од зоната која води во Европа.