Појавата на фудбалерот на векот

Едсон Арантес до Нашименто, во цел свет познат како Пеле дресот на Бразил за прв го облече на денешен ден пред точно 58 години на мечот против Аргентина.

Со само 16 години и 9 месеци Пеле на 7 јули 1957 година станал најмладиот дебитант во тоа време кој дал гол на меѓународен натпревар.

Првиот професионален договор го потпишал уште помлад на само 15 години со Сантос, а неговата блескава кариера почнува уште како тинејџер кога со 6 голови му ја носи првата титула на Бразил на Светското првенство 1958 година.

На тој Мундијал Пеле станал најмладиот стрелец на еден Мундијал кој дал гол на 17 години и 239 дена, а во финалето против Шведска 5:2, тој бил двоен стрелец. Пеле во 1970-та стана првиот играч со три освоени Мундјали.

Блесна и на клупски план откако со Сантос освои пет првенствени титули меѓу 1961 и 1965-та, во 1962 и 1963-та го освојува Копа Либертадорес, а на меѓународна сцена победник е и на Интерконтиненталниот куп против Бенфика со Еузебио.

Со 77 голови на 92 меча, тој сè уште е прв стрелец на Бразил. Тој што може да го стигне е Нејмар кој со 23 години има 44 голови на 64 натпревари.

Хајлатс од финалето на Мундијалот 1958

7 јули 2015 - 14:35