Парите од лото ги инвестирал во омилениот клуб

Норвежанецот Ингвар Боргесен е нашиот херој на денот. Неодамна тој добил на лото и стана милионер по што дел од добивката ја инвестираше во играч од клубот за кој што навива.

Добитникот на најголемата премија од норвешката лотарија реши да инвестира дел од парите во млад и талентиран фудбалер и да му помогне на својот клуб.

Ингвар Боргесен неодамна доби 13,4 милиони евра на лотарија и реши да вложи 330.000 евра во младиот дефанзивец Фредрик Семб Берг за да може тој да остане во неговиот омилен клуб, Од Гренланд.

Размислував што можам јас да сторам локално и одговорот беше Од Гренланд. Овој клуб е многу важен за нашата заедница", изјавил Боргесен.

Неговиот омилен клуб во моментов се наоѓа на 14-та позиција од 16 клубови во норвешката лига. Семб Берг е клучен фудбалер во нивниот тим за кого беа заинтересирани повеќе големи клубови, но со инвестицијата на Боргесен, тој доби поголема плата и Од Гренланд сега може да го задржи во своите редови.

Фудбалскиот клуб Од Гренланд соопшти дека за возврат Боргесен ќе добие 25% од трансферот на Семб Берг кој неодамна дебитираше и за норвешката репрезентација.

31 мај 2013 - 09:04