Офсајд лик на неделата: Марк ван Бомел

Кога ќе се спомене Марк ван Бомел, веднаш помислувате на груба игра. Холанѓанецот се потруди така да остане и запаметен откако заработи црвен картон на последниот натпревар од неговата кариера.

Марк ван Бомел оди во пензија и тоа со стил. Еден од најистакнатите дефанзивни фудбалери од средниот ред кој играше за ПСВ, Барселона, Милан и Баерн Минхен и притоа освои титули со сите 4 тимови, ќе остане запаметен по борбеноста, но и агресивната и груба игра.

Во тој стил, Марк ван Бомел го одигра и својот последен натпревар во неговата кариера. 36-годишниот фудбалер го одигра 350-от натпревар во холандската лига, но не до крај.

Марк ван Бомел заработи црвен картон за остар старт во 70-та минута и на тој начин ја заврши неговата кариера, заслужувајќи го и признанието за офсајд лик на неделата.

13 мај 2013 - 09:32