Најлуд гол на Европското даде чешки центарфор

Шпицот на Баер Леверкузен Патрик Шик стана права ѕвезда во досегашниот тек на Европското откако денеска со два супер гола ѝ донесе победа на Чешка против Шкотска.

Чесите славеа 0:2 среде Шкотска на „Хемпден Парк“. Патрик Шик постигна два гола, од кои едниот од 50 метри! Прво со глава го матираше домашниот голман во 42' минута а само десет минути подоцна реши да распали од 50 метри и да го постигне најлудиот гол на Евро2020.

Првиот со глава:

Вториот од пола терен:

„Уште во прво полувреме приметив дека Маршал стои далеку од голот. Решив дека ќе пробам да го лобувам ако ми се укаже прилика. Кога топката одеше накај мене не размислував. Само распалив и дадов сјаен гол“, изјави Патрик Шик.

This angle of Schick’s goal is mad.. 🤯

Во Д групата Англија и Чешка по 1. коло имаат по 3 бода, Чесите се први поради подобра гол разлика а Шкотска и Хрватска немаат ниеден бод. Во 2. коло Чесите играат со Англија на Вембли а Хрватска со Шкотска. 

14 јуни 2021 - 22:49