Мурињо експлодираше од емоции за финалето во Конференциската лига

Рома и Феенорд се први финалисти во новоформираното трето по ранг клупско европско натпреварување. Португалецот е во транс и во солзи и може да стане прв тренер со трофеј во ЛШ, ЛЕ и Конференциска лига.

Феенорд го елиминираше Марсеј, а во другото полуфинале Рома беше подобра од Лестер. Италијанско-холандската пресметка во финалето се игра во Тирана на 25 мај.

Мечот на преполнетиот Олимпико кој блесна во цел сјај благодарение на огромната поддршка на навивачите, го реши Абрахам со гол во 11 минута, откако во Англија првата средба заврши реми.

„Ме совладаа емоциите. Овој тим не е навикнат да стигнува до финалиња со леснотија, но овој стадион не поддржува постојано и тоа е нешто посебно за мене. Финалето во Конференциската лига за нас е како финале во ЛШ“, изјави Мурињо.

Голот на Абрахам за победа

Реакцијата на Жозе по последниот свиреж на судијата кој се повеќе ги освојува навивачите на Рома.

„Освои ЛШ, првенствена, разни купови и плаче затоа што ја однел Рома во финале на Конференциска лига. Создадени сме да бидеме заедно, бидејќи овие солзи се и наши“, напиша фан на Рома.

Прекрасната атмосфера на Олимпико во Рим.

6 мај 2022 - 08:31