Кога фудбалот станува маратон

Минатиот викенд во САД играа Њу Ингланд и Хјустон. Мечот започнал во 20:30 по локално време а завршил во 12:25 следното претпладне. Ние избунаривме кои се најдолгите фудбалски натпревари.

Квалификацискиот меч за ЕП меѓу Норвешка и Англија до 19 години во април годинава траел пет дена поради недоразбирање со судиите. Средбата почнала на 4 април во сабота и завршила на 9 април во четврток.
„Во саботата, голот на Англија од пенал во последната минута беше поништен поради упатени навреди кон судијата кој досудил слободен удар за Норвешка. Уефа нареди пеналот да се изведе одново следниот четврток“, напиша Алун Томас за Гардијан. Англичанките дале гол од пенал и дуелот завршил 2-2 по што се квалификувале за ЕП.
 
Епската средба се играла во Данска. Во сезоната 1995/1996 првенствен меч одиграле Алборг и Брондби. Кога Брондби дал гол за 2:0, навивачите на овој клуб запалиле неколку бакљи, а ексцентричниот судија Кнуд Ерик Фискер одлучил да го прекине натпреварот поради чад. Реакцијата на судијата била претерана затоа што чадот брзо исчезнал.
 
Поради тоа што во Данска во 1995 година употребата на пиротехника сè уште не била казнено дело, судиите и федерацијата не знаеле како да го регистрираат натпреварот. Така кога двата тима се сретнале во данскиот куп на 6. април 1996 година, одлучено било да ги доиграат и преостанатите 16 минути и 7 секунди од лигашкиот меч.
„Брондби го доби и дуелот во купот и постигна уште еден гол во дополнителните 16 минути и 7 секунди од првенствениот меч кој на крајот заврши со конечни 3:0 за Брондби. Првиот дел од средбата се играл на 1. септември 1995. година, а продолжението на прекинатиот меч се преиграл на 6. април 1996. година со друг судија“, раскажува новинарот Кристијан Енстром за Гардијан.
Дуелот траел шест месеци и пет дена од првиот до последниот судиски свиреж. Интересно е што првите 11 за двата тима биле целосно различни од оние што го почнале првиот меч. Домаќинот Алборг на првиот дуел добил црвен картон (Хенрик Расумесн) на стартот од второто полувреме, така што продолжението го играле со 10 играчи.