Киксерска фудбалска ноќ

Кларенс Сидорф се соочи со елиминација во италијанскиот куп од Удинезе на домашен терен, исто како и ПСЖ од Монпеље, а Дејвид Мојс не го издржа двобојот против последнопласнираниот Сандерленд во Лига Купот. Само Барселона им го обели образот на гигантите минатата ноќ во куп натпреварите.

И фудбалерите за кои се плаќа 64 милиони евра знаат да промашат празен гол. Тоа синоќа го стори Единсон Кавани.

Чуварот на голот на Јунајтед, Давид Де Геа направи лоша почетничка грешка при оваа интервенција.

Трагичари на натпреварот помеѓу Леванте и Барселона, беа дефанзивците на домашниот тим кои си посметаа во одбраната.

23 јануари 2014 - 11:02