Како ќе го спориш кога даде 4 гола во ЛШ и поефикасен е од Платини и Трезеге?

Да, Оливие Жиру важи за оспоруван напаѓач, а всушност се работи за уште една стара коска меѓу напаѓачите или ако сакате старо добро вино. Сам ја потепа Севиља со 4 комада и му донесе прво место на Челси на едно коло до крај.

Дербито на вечерта во ЛШ синоќа се играше на Олд Трафорд, но човекот кој го украде вниманието се вика Оливие Жиру кој на маестрален начин покажа зошто не е напаѓач за фрлање.

Лудакот вчера даде гол со лева, со десна, со глава и од пенал.

Со тоа стана 14-ти играч кој успеал да постигне 4 гола на еден меч во ЛШ. Влезе во друштво на Ван Бастен, Нистелрој, Шевченко, Меси, Левандовски, Ибрахимовиќ, Роналдо...

За статистиката се отвори многу работа, па така на пример тој стана прв играч на Челси после Дрогба кој дал повеќе еден гол, како и прв по Лампард со 4 на еден натпревар. Но во историјата на Сините тој е прв фудбалер со 4 во ЛШ.

Со 34 години и 63 дена тој е сега најстар играч со хет-трик во ЛШ, рекорд кој го држеше Кристијано Роналдо и кој од почетокот на ова натпреварување познато претходно како КЕШ, му припаѓа на унгарската икона.

Ова е само уште еден податок плус за тоа како му оди на 30+

На овој шампионски блесок му претходеше голгетерски учинок и за Франција каде се истакнува во доста елитно друштво.

Со двата гола против Украина во октомври, Оливие стигна до 42 за репрезентација со што го надмина Платини на вечната листа, а потоа во ноември месец постигна уште два гола против Шведска.

Головите на Жиру во синоќешниот преглед.

3 декември 2020 - 11:56