Се откажуваат од играње поради висок пораз

Веста на денот ни доаѓа од Шпанија каде малолетници постигнаа резултат кој ретко може да се види и на ракомет.

Атлетико Азналказар – Паломарес Јуниор е натпревар за играчи до 12 години кој заврши 53:0. Првата реакција од школото каде учат поразените е дека ова не е фер, а нивната одлука е да се повлечат од првенството.

Адриан Калеро Ромеро од вкупно 13 гола, постигна хет трик во првите 6 минути, а неговиот братучед Антонио Ромеро Роман даде 5 голови за 7 минути. За поразот го криват тренерот кој играл со 10 годишници, но нешто не штима и во бројката на деца со која располагал.

6 ноември 2014 - 17:59