Девет основни начела за да бидеш македонски фудбалер

1. Шутни ја топката што подалеку од себе.

2. После 15 минути кога ќе снемаш сила за трчање, глуми дека си фаулиран и одмарај што подолго.

3. Ако некој новинар те искритикува, закани се дека нема да играш веќе за репрезентација и нема да дадеш веќе ниту едно интревју за неговиот медиум.

4. Подавај ја топката што повеќе на голманот, така би можел повеќе да се одмориш и да го држиш него буден.

5. Внимавај да не те удри топка во глава и да ти ја расипе фризурата.

6. Никогаш не си крив за примен гол.

7. Никогаш не си крив за промашен празен гол, соиграчот е крив што ти ја набацил вртена.

8. За поразот СЕКОГАШ е крив судијата.

9. Секој примен гол е од офсајд.

виа Клизачи

13 октомври 2015 - 21:51