Четири Гинисови рекорди за Рајан Гигс

Легендата на Манчестер Јунајтед продолжува да восхитува и на 38 години. Тој ќе биде сопственик на четири рекорди во изданието за 2013-та година на Гинисовата книга на светски рекорди.

Дури и на 38 години Рајан Гигс е важен дел од тимот на Манчестер Јунајтед. На теренот игра против фудбалери на кои може да им биде татко, но сепак се уште покажува одлични изданија.

Неговите достигнувања со кои ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди се:

1. Прв и единствен фудбалер кој ги одиграл сите сезони од основањето на англиската Премиер лига во 1992-та година.

2. Прв и единствен играч кој постигнал гол во секоја сезона од формирањето на англиската Премиер лига.

3. Најмногу настапи во Премиер лигата (599 во моментов).

4. Најмногу трофеи во Премиер лигата (12).

Зборувајќи за своите достигнувања, Гигс изјави:

Многу сум горд што добивам вакво признание со светски рекорди, посебно за фактот што јас сум прв и единствен фудбалер што играл и постигнал голови во сите сезони од Премиер лигата. Неверојатно е чувството да имам свои рекорди во Гинисовата книга на рекорди што ја читав кога бев дете."

14 септември 2012 - 08:56