Бенитез потпишал со 107 фудбалери

Рафа Бенитез во својата тренерска кариера направи неколку успешни трансфери, а понекогаш го бива и за операција „купи евтино, продај скапо“.

Ако гледаме во бројки Шпанецот има вкупно 107 купени фудбалери. Тоа беа комбинација од добри и лоши играчи, а како најуспешен бил во Ливерпул со купувањето Торес и Чаби Алонсо.

Бенитез плати 36 милиони евра за „Ел Нињо” за потоа да го продаде на Челзи за 60 милиони. За Чаби Алонсо од Реал Сосиедад плати 15 милиони евра, а го продаде на Реал Мадрид за два пати поголем износ. Други негови успешни транфери во Ливерпул беа Маскерано, Кајт, Реина и Арбелоа.

Како тренер на Валенсија, Бенитез направи тим со кој влезе во историјата освојувајќи ја Ла Лига со ангажирањето на Миста, Руфете и Марчена.

После втората пресвртна  сезона во клубот тој користеше играчи од младинскиот погон и го освои првенството два пати, како и Уефа Купот. Раул Албиол го прекомандува во првиот тим, а ги имаше и Хорхе Лопез, Франциско Хавиер Муњоз и Сисоко.  Репрезентативецот на Мали потоа продолжи со својот тренер во Ливерпул.

Бенитез како тренер на Челзи и Интер немаше доволно простор да купи нови играчи. Во Наполи донесе тројца играчи од шпанското првенство. Игуаин, Албиол и Калехон на Сан Паоло беа постојано во прв тим, а Мичу од Свонси не се изнаигра поради повредите.

Како нов предводник на Реал Мадрид Бенитез има две желби Наинголан од Рома и Отаменди од Валенсија

19 јуни 2015 - 12:23