Бебе бега од долгови криејќи се во багажник

Наплатувачи на долгови го посетиле тренинг центарот на Манчестер Јунајтед барајќи го португалскиот напаѓач Бебе, а тој им избегал криејќи се во багажник од автомобил на соиграч.

Португалецот Бебе важи за една од најголемите трансфер утки во кариерата на Алекс Фергусон, а најверојатно проблеми со него ќе си има и новиот менаџер Дејвид Мојс.

Додека првиот тим на Манчестер Јунајтед се наоѓа на подготовки во Австралија, Бебе останал во Англија да тренира со младинците на тимот и си направил проблем.

Наплатувачи на долгови се појавиле во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед во потрага по Бебе, но за негова среќа, обезбедувачите им забраниле да влезат.

Подоцна тие се вратиле во придружба на полиција, но не успеале да го најдат Бебе затоа што тој избегал од тренинг центарот сокриен во багажник од автомобил.

Инцидентот го потврди и полицијата од каде соопштија дека случајот ќе биде решен од страна на надлежните органи.

Португалскиот напаѓач пристигна во Манчестер Јунајтед во 2010-та година и има одигра но само 7 натпревари.

22 јули 2013 - 08:28