Знаете што е Гламспин?

Извинете луѓе, ама сега има и фиџет спинер со лабела на него. Да.

Кога човечкиот род ќе се закатанчи за нешто - закатанчено е. Моментално е на ред фиџет спинерот, кој веројатно ќе претрпува измени, промени и додатоци додека фиоките, гаражите и шахтите ширум светот не му станат вечен дом, како на заминатите клик-клакови, оние глупи вртимушки и што уште не.

Но, додека е сè уште жив и здрав како играчка, новата варијанта му е - Гламспин.

Гламспин да ти е еден фиџет спинер, кој на секој крак (тоа крукчето на крај) има балзам за усни. И тоа три вкусови - праска, јагода и грозје. И ти си го врткаш, па го запираш, па си ги хидрираш усните, па пак го врткаш.

What a time to be alive, се вика ова.

27 јуни 2017 - 10:00