Вуди Ален најавува 50-ти и можеби последен филм

Ќе биде нешто како Match Point и ќе биде на француски.

После „Фестивалот на Рифкин“ што помина релативно незапазено, и после поделените мислења за „Дождлив ден во Њујорк“, Ален открива дека ќе снима 50-ти и потенцијално последен филм во Париз на есен.

Информацијата е од Л Журнал ду Диманш, каде што Ален изјавува дека финансиите и улогите се поделени за „еден вид отровен романтичен трилер“. Како што ќе каже Леонард Пирс од Филмстејџ, овде неговиот светоглед најлесно дише, но поинтригантно му е што ова може да е последната инсталација во една од најпродуктивните филмски кариери.

Во Инстаграм разговор со Алек Болдвин, Вуди Ален еднаш рече:

„Снема голем дел од возбудата. Сега правиш филм и добиваш две недели во кино, и после оди на стриминг или на дигитално изнајмување. Не е исто. Не ми е такво уживање.“

Не се ни очекува поинаку, Ален никогаш не бил тип што брка трендови, ниту ги мисли. Да држиме среќа да биде ова појако од последните два.

13 јули 2022 - 00:01