Таг: филмови

Филмови за подобро разбирање на израелско-палестинскиот конфликт

Како што еднаш има кажано познатиот критичар Роџер Еберт, „филмовите се како машини за генерирање емпатија“. Наспроти често сувите вести од военото жариште и лажните вести, низ овие филмови можат да се согледаат различните перспективи за она што се случува на Блискиот Исток.

Смел-о-вижн: пропаднатиот обид филмовите да мирисаат

Звукот, бојата и специјалните ефекти го трансформирале искуството на гледање филмови. Но на ова поле има и иновации кои едноставно не се „фатиле“. Еден од нив предвидувал прскање соодветни ароми во текот на проекцијата - кино-салите мирисале на рози, бензин, свеж морски воздух. Но не за долго. 

Кога веќе не ги бива новите хорори, да се вратиме на старите

Кога го следиш жанрот со години и си навикнат на квалитет, сè потешко станува да си најдеш занимлив хорор филм: новите се тапа, старите ги гази времето. Сепак, има надеж, ако фатиме да чешламе што не сме виделе, а излегло пред 30, па и 40 години.

Од Хелен Мирен до Оливија Колман: филмските портрети на Елизабета Втора

Со оглед на тоа што владееше цели седум децении, Кралицата беше и културолошка икона. Интересно е дека на филмското платно беше портретирана и во биографски филмови, но во многу поголем обем во комедии и пародии. 

Мерлин Монро, канибализам и Хари Стајлс: најочекуваните филмови на Венецијанскиот филмски фестивал

79-тото издание на најстариот филмски фестивал во светот се отвори на 31 август и ќе трае до 10 септември. Од она што до сега се знае за филмовите изгледа дека ќе биде силна година за награди и за зима помината со добри филмови. 

Вуди Ален најавува 50-ти и можеби последен филм

Ќе биде нешто како Match Point и ќе биде на француски.

Зошто во некои филмови најавната шпица е по 30-тата минута?

Вообичаено, шпицата којашто ги содржи насловот, имињата на актерите и целата екипа се случува на самиот почеток на филмот. Но кога таа ќе се појави на третина филм, човек се прашува - ако ова е почетокот, тогаш што гледав до сега?

Зошто толку многу филмови и серии се случуваат во хотели?

Од „Сјаење“, преку „Девет совршени туѓинци“ до „Белиот Лотос“, хотелот е прилагодлив контекст, во кој е многу лесно да се постави лепеза од различни ликови.

Седум филмови од Кан за кои се зборува

По минатогодишното откажување поради пандемијата, овогодинешниот фестивал кој е во тек нуди нови модни трендови, но и филмови кои едвај чекаме да ги видиме.

Зошто реставрирањето историски снимки во 4K резолуција не е во ред?

Јутјубери користат вештачка интелигенција за „оживување“ на историјата. Но иако делуваат фасцинантно, овие снимки не придонесуваат за нашето подобро разбирање на историјата, туку прават таа повеќе да личи на сегашноста.

Приказните кои требаше да нè подготват

Дека пандемијата не требаше да нè изненади покажува супер кат од десетици филмови во кои е содржано предупредување (и по некој совет) во врска со неа. Интересното е што некои од овие филмови на прв поглед немаат никаква врска со темата. 

Дали и вие не можете веќе да гледате филм без да мислите на социјално дистанцирање?

Неверојатно е колку бргу мозокот ни се шалта во „дистанцирај се“ моуд, и почнува да толкува сè што е обратно од тоа како опасно или барем необично. Бацување на филм? Брррр...

Зошто сме опседнати со гледање филмови за епидемии?

Бројките според кои деновиве најгледани филмови на стриминг сервисите се оние поврзани со катастрофи и болести укажува на тоа дека луѓето наместо ескапизам, бираат да се изложат на стравот.

Големите мајмуни сакаат да гледаат филмови во друштво (исто како и ние)

Откако гледале видео клипчиња во група, шимпанзата биле подруштвени во споредба со оние кои гледале филмови сами. Нашата прва мисла: се скарале ли околу пуканките?

Нечии омилени 25 филмови од 2018

Не мора сите да ги гледате, не мора сите да ги знаете, не мора ни сите да ви се допаѓаат. Кога сме веќе тука, не мора ни видео обројувањево да го изгледате. Ама па би било штета да го пропуштите. Традиционално од Дејвид Ерлик.

Бум на филмови базирани на новински статии

Неколку филмови, чија премиера се очекува до крајот на годината, се базирани на новински статии кои откриваат нечија интересна животна приказна, бизарна сторија или нешто што личи, но не е измислено. Таквите адаптации помагаат ваквиот хибрид меѓу новинарството и книжевноста да не изумре.

Најважните бројки околу филмовите на Марвел

Прост пазарски есап колку пари има дадено Марвел за снимање филм, и колку пари има наплатено. Притоа ова се само пари заработени од кино влезници, значи без играчки, облека, тв права, видео игри, лиценцирање на ликовите и што и да е друго од што вадат пари. И како котира Марвел меѓу филмовите со најголема заработувачка.

Деценијата на неприкосновена Дизни доминација

Деценијата не само што се уште трае, туку како што покажаа рекордите од Црниот пантер, моментално е во најголемиот ек.

300 филмови од 2017

Монтажава освен што е мајсторски составена речиси до граници на перфекција, има и една повеличенствена улога во животот - да служи како список на филмови што сте ги пропуштиле годинава.

Најочекуваните филмови за 2018

За следната година само со Марвел херои нè чекаат 6 филмови, плус има роботи, има диносаоруси, Лара Крофт и уште една од новите приказни од Ѕвездени војни.