Таг: Вуди Ален

Вуди Ален најавува 50-ти и можеби последен филм

Ќе биде нешто како Match Point и ќе биде на француски.

Кога Силвестер Сталоне го извадил Вуди Ален од памет

И така добил една од своите први филмски улоги.

Откажано објавувањето на мемоарите на Вуди Ален

Вчера, 6.3., десетина вработени во познатиот издавач Ашет организирано излегоа од њујоршката канцеларија на фирмата, како протест против објавувањето на автобиографијата на Ален. Тоа, заедно со уште куп реакции, придонесе истиот ден Ашет да ја повлече својата одлука.

Вуди Ален го тужи Амазон за 68 милиони долари

Двете страни се договараат и снимаат филм, некаде пред премиерата во приказната се вмешува #MeToo со стандардна издржаност на обвиненијата, па целиот проект е ставен на пауза.

Вуди Ален ќе режира за Амазон

Прв пат во неговата долга кариера Ален ќе режира ТВ серија. Иако засега не се знае ниту насловот, ниту темата, со неговото ангажирање Амазон сигнализира дека е подготвен да продолжи со развивањето на своите интернет видео услуги.

Миа Фароу да не ти честита Валентајн

Пред да започне канонадата обвинувања од нејзината ќерка со Вуди Ален, Миа Фароу му најавила: "Ти ми зема моја ќерка, јас ќе ти ja земам твојатa". Потоа му се заканувала дека ќе му ги ископа очите а за Свети Валентајн му ја испратила картичкава која ја гледате.

Вуди Ален: „Моите филмови се како кинеска храна"

Ален нема лично да ја прими наградата за животно дело Сесил Б. Де Мил на Златните глобуси кои се одржуваат овој викенд. Ќе биде во Њујорк, и најверојатно ќе гледа кошарка на телевизија.

Пoлноќ на авторските права

Вуди Ален и Сони мораа судски да докажуваат дека не ги повредиле авторските права на Вилијам Фокнер (умрен пред пола век) затоа што употребиле негов цитат во филм. Колку е таа ситуација со авторските права забегана говори и фактот дека ослободителната судска пресуда морала да биде образложена на цели 17 страници.

Сите д’ткања на Вуди Ален

На секој од нас му се има случено да му се сплетка јазикот, да се збуни, или да мора демек да се накашла за да добие во време дур смисли што да каже. Како утеха за сите тие моменти кога ни било глупо - Вуди Ален тоа го прави ама постојано.

Што е полошо од хипохондрија?

Урнебесен, нов текст на Вуди Ален од Њујорк Тајмс, за стапиците но и добрите страни на хипохондријата. Фино е да разликуваш шљифка од меланом, но и подобро е да внимаваш со антибиотиците, отколку тие да ти ги убијат сексуалните дразби во полн лифт.

12 прашања за Вуди Ален

Роберт Вејд, трикратен добитник на наградата Еми, најпознат по неговите документарци за браќата Маркс, Лени Брус и по соработката со Курт Вонегат, во 2011 прави филм за Вуди Ален. За да не повторува излитени прашања, одлучил да биде креативен.

Вилијам Фокнер против Вуди Ален

Вчерашната изјава на министерот Попоски, која во медиумите беше пренесена како „историјата треба да остане во минатото" е фала богу спротивна на логиката и на Фокнер, а и на Вуди Ален. Во спротивно можеби ќе нè тужеа.

Не ми се срди Вуди

Во 1961, Гручо Маркс и Вуди Ален „оствариле средба", со тоа започнувајќи пријателство кое траело следните 16 години.