Да бидеш сама не е крај на светот

Денес луѓето обавезно се фанатично избезумени околу одредена замисла како треба да изгледа животот. Ако работиш – што работиш, ако не работиш – од кај пари, ако имаш дечко – кога ќе се мажиш, ако немаш дечко – дали имаш проблем? За секоја сфера од животот твојот близок има мислење, а ти си зафатен со сопствените равенки за успешно завршување на денот. Под ваков притисок живее и Ејми Луткин, која пишува за Џезебел, и во еден текст категоризиран под „Осаменост”, го споделува своето мислење со наслов „Направив сè што ми рековте – и пак сум сама.”

Внимателно понатаму - текстот нема некој неверојатен климакс од женска моќ - има едно обично прифаќање на работите дополнето со оптимизам. Не се сите њујоршки причи како од книга на Софи Кинсела.

Вака почнува Ејми Луткин:

„Во последниве 12 месеци сосема си го трансформирав животот во обид да најдам љубов. (Еве одма спојлер) Не најдов. Како што се приближуваше дочекот на новата 2017-та, ми доаѓаше преку глава со прашањата за романтика и за себе. Напишав есеј за бивање сама и без сексуална интимност цели три години и многу луѓе ми пишаа затоа што ги допрела приказната. Некои биле и во екстремни услови на осаменост: изолирани поради возраста, локацијата или некој инвалидитет. Сакаа да ми кажат дека точно знаат колку може да боли кога осамените луѓе ќе ги нападнат со мотивирачки разговори наместо разбирање.”

Та, не се саде осамените нападнати. Генерално, луѓето напаѓаат луѓе што за промена, си ја бркаат сопствената работа.

„Потоа на ред дојдоа душебрижници. Како писател, генерално се навикнуваш на рандом луѓе кои не знаат како живееш и ти доаѓаат со совети и богами, и тоа како надојдоа. Ако правиш вака, ќе запознаеш некого, ако правиш така, љубовта ќе ти падне во скут. Премногу си тажна, премногу бесна, премногу непривлечна (веројатно). Додека еден пријател не ми прати мејл, во кој ми го обвинува есејот за валоризирање на депресијата, не ја почувствував тежината на осудата што ја добивав. Можеби не бев сама затоа што љубовта е непредвидлива, или прашање на среќа, компромис и шанса. Можеби љубовта е сечија судбина, ако човек ѝ го расчисти патот, а јас бев тврдоглава, мрзлива и огорчена за да завршам работа. Решив да пробам некои од работите што ми ги кажаа за да станам вредна за љубов.”

Како на филм, следува оној дел со мејковер, каде што хероината во незавидна положба, почнува да работи на себе. 

„Во јануари се посветив на Whole 30, диета што бараше да се откажам од шеќери, мешунки, млечни производи, семиња, овошје и алкохол – сè личи на радост – 30 дена. Зборувајте колку сакате за минливи диети, ама мене ми успеа. Ослабнав 5 кила и купив евтини часови со личен тренер во теретана. Два пати неделно се дружев со финиот тренер Даниел и до плачење ми доаѓаше кога правев чучњеви додека тој се преправаше дека е заинтересиран за тоа што се случува. После некое време, почнав да вежбам и кога никој не гледаше. Сега ме собира во панталони што ги селев од стан во стан 6 години од пуста надеж дека ќе ги облечам.”

Методите на работење на себе продолжуваат понатаму и стануваат попривлечни. Патем, овде има играчки за мозок и начини за добивање инспирација што ич не се клише - напротив, стварно се инспиративни.

А мејковерот продолжува:

„Почнав да водам дневник. Работев повеќе и повеќе заработував. Одев на терапија. Се преселив во сопствен стан, во маало со прекрасен парк каде што играа кучиња без ремче секое утро. Одев на Реики сесии. Медитирав. Почнав повеќе да настапувам. Се сликав во тие тесни фармерки и си ги обновив сите профили за лични контакти, па си направив и нови.

Потоа, во една свежа вечер минатата пролет, се договорив да се видам со еден чуден тип од интернет со едно верување дека ако не е многу гаден, ќе си одам дома со него. Немав ни бакнато некого повеќе од 3 години.

Мување. Како да објаснам колку напор ми требаше да ја истерам таа вечер до крај?”

До тука, беше лесно да се сврсти авторката на текстот во една поопшта категорија на, не осамени луѓе - туку луѓе кои се едноставно сами.

Но од тука, читателот и да се запраша дали стварно постојат луѓе кои истовремено се научени сами три години, а сепак една вечер со случаен минувач ги фрла во емотивен севдах? Или едноставно, авторката не се научуе и после 3 години? Таа мисли дека е второто:

„Се најдовме во вински бар. Две чаши вино покасно, одевме кон неговиот стан. Уште една чаша во неговата дневна соба. Беше точно како што го имав запаметено. Учењето како еден човек сака да се бакнува. Начинот на кој му се менува вкусот. Колку е поинтимно да гушкаш некого, отколку да имаш секс со него. И баш така, станав повторно ранлива: замислував вечери со гушкање на кауч, или како го гледам додека свири на клавијатури, како пиеме кафе насабајле.

Престана да ми одговара на пораките.”

Наспроти сечии романтични убедувања, не е некое изненадување дека ова е исходот на настаните ако успееш да се договориш со некого преку апликација. Но сепак, кревка ментална состојба си е кревка ментална состојба.

„Нема шанси овој човек да имаше сфатено како ми беше. Конечно се отворив пред некаква форма на интимност, но ми дојде како да сум извлекла расипана квака – ти останува во рака и не функционира пак. Ми требаше недела за да сфатам што се случило, бев фрапирана колку ме боли, колку брзо пропаднав во стапицата. Дали бев премногу сирова и чудна и неподготвена за повторно да излегувам со мажи? Можеби требаше да се откажам? Сакав. Не можев. Сите мали промени што ги имав направено се намножија и ме избтукаа надвор од пештерата за да можам повторно да се повлечам.”

Освежително, овде решава дека ќе билда. Ќе билда на еден начин што малку потешко може да се изведе во мали места, но сепак - може.

„Наместо тоа, донесов одлука. Ќе одам на два состаноци неделно, секоја недела, три месеци. Ќе биде како да одам да го гледам кутриот Даниел во теретаната, само што, ќе ги билдам емоциите наместо газот. Вака некако ќе се спремам и за разочарување и за големи надежи. Ќе бидам многу силна и со издржливост и упорност ќе ја најдам љубовта што цело време ми кажуваат дека ме чека, ако навистина се обидам.

Кога го завршив експериментот (и има блог за тоа, со детали), резултатот беше дека: навистина запознав некого во кој кратко време бев вљубена.

Се запознавме на крајот на летото додека работеше во Њујорк. Вистинскиот дом му беше далеку. Немаше начин слабата конекција да ја преживее оддалеченоста и несигурноста на нашите чувства – или барем моите. Иако отидов со авион да го видам во ноември, и ми вети дека и тој ќе дојде во декември, не сум добила ништо од него четири недели.

Престана да ми одговара на пораките.”

Океј, можда не мора апликација. Може само треба сељак. А може и човек ако успее да ѕирне во белешките на психијатарот на оваа девојка, спомнат погоре, ќе забележи дека се работи за хронично самосожалување, кое често вербално се комуницира? Којзнае.

Како и да е, извлекува многу фина поента на крајот на своето излагање за осаменоста и трудот таа да се прекине. Мислам дека сака да каже, и ако тоа сака да каже - тогаш апсолутно се согласувам - дека ако си во комуникација со себе - не можеш да бидеш сам:

„Ова требаше да биде триумф на експериментот што илустрира како јас ги исчистив сите канали и се променив. Не беше. Тоа што го научив е дека да чистиш пред себе е континуиран процес, толку сеопфатен што немаш време ни да дигнеш глава да видиш каде одиш. Можеби ќе налеташ на некој чиј што пат се вкрстува со твојот, а може и не. И нема шанси да станеш толку силен да некој не може да те повреди. Стануваш посилен само ако одиш понатаму.

Иако многу се потрудив, сè уште има шанси да бидам засекогаш сама.

Еве ви контраиндикација од процесот на обидување: морав да се убедам дека овие промени ги правам за некој мистериозен лик кој ќе го заработам со посветеност и обиди, но всушност, сето тоа го правев за себе. Единственото што ја олеснува болката од самотијата е што си тука за сам себе секој ден и радоста е во сите мали избори што ги правиш во животот. Да избереш нешто добро за твоето ментално здравје, да избереш да дружиш со луѓе на кои им се допаѓаш, да избереш да си се насмевнеш во огледалото, да се запознаеш со некој нов. Тоа што бирав да се обидувам ме направи подобра личност.”

Ако сакаме поведро (а сакаме), има едни цртежи што совршено ги отсликуваат сите мали задоволства на живеење сама. Џејн Гудал на пример, не можеш да ја одучиш од тоа и да сакаш. А ако сакаме подлабоко, поинспиративно и многу убаво, тогаш - „Како да бидеш сама”.

2 јануари 2018 - 21:04