Некогашната НФЛ ѕвезда, актер во комедии како „Гол пиштол“ и озлогласен осомничен за двојно убиство, ОЈ Симпсон почина од канцер на 76 годишна возраст.
Судскиот процес од 1995 година, на кој му се судеше за убиство на неговата екс сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот партнер, Роналд Голдман беше еден од најследените судски процеси во историјата на САД.
Тоа судење од 11 месеци кое следуваше после прочуениот обид за бегство на О Џеј од полицијата кое беше снимано од хеликоптер, исфрли дузина живописни ликови како што беше судијата Ленс Ито и дрим-тим адвокатската одбрана на ѕвездата составена од фаци како Џони Кокран, Роберт Кардашијан (татко на овие бадијалџиките), Алан Дершовиц...
На кривичната постапка Симпсон беше прогласен за невин но три години подоцна, во граѓанска парница, пресудата беше поинаква и му беше наложено да плати 33,5 милиони долари.
Во 2008-ма година, О Џеј беше осуден на 15 години затвор заради неуспешен грабеж во Лас Вегас во кој се обидувал да врати спортски сувенири за кои тврдеше дека му биле украдени. Одлежа 9 години по што живееше на висока нога, главно играјќи голф покрај Мајами.
„Умре без да се покае,“ изјави адвокатот на семејството на убиениот Голдман најавувајќи дека ќе продолжи нивната битка да се докаже гревот на Симпсон.
Владата на Киријакос Мицотакис добро знае дека претседателката Силјановска-Давкова не го прекрши договорот, но тој реши да го отвори македонското прашање, за да продолжи пожестоко со процесот на демакедонизација и на тоа малку што останало македонско.
Од историските дамари повторно се појави Никос Коѕијас, кој фалејќи се дека е креатор на (за нас монструозната) Преспанска спогодба, најотворено и бесрамно (токму пред два дена) ни кажа дека „со еден договор успеал да избрише една држава и еден народ со целата негова историја, традиција, култура и вредности“…
Грчката дипломатија води битка низ целиот свет и бара бришење на македонските имиња на стотици македонски здруженија, клубови, граѓански асоцијации, па и добротворни организации. Тие имаат цел со лабораторискиот Преспански договор да создадат – нова лабораториска нација.
Оние што ја следеа состојбата пред потпишувањето на Спогодбата од Нивици, се сеќаваат дека таа е постигната и под воени и под безбедносни закани од страна на Грција: зачестени воени вежби во пограничниот регион, чести нарушувања на македонскиот суверенитет со авионски прелети на македонското небо, пуштање илјадници имигранти преку нелегални премини, изградба на бегалски кампови во близината на границата како опомена…
Паралелно со седницата на која му беше одземерн имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев, истражителие од ОЈО за организиран криминал и МВР влегле и во домот и во канцеларијата на Иџет Мемети, член на Советот на јавни обвинители.
Со ветување дека можат да влијаат и да помогнат на обвинети и осудени, Георгиев и Мемети делувале во шема, а продавале и информации од кривични постапки за осомничени и за обвинети лица.
Според скромните информации од предистрагата, синот на осудениот екс-градоначалник Боро Стојчев ги снимил со мобилен телефон како му бараат пари за наводно да му помогнат на татко му.
Иџет Мемети нема што не бил: министер за правда во два наврата, народен правобранител (16 години), уставен судија, генерален секретар на Влада, државен советник, член на ДИК....