- Мислам дека во Македонија е добро да се случи еднаш претседател на државата да биде од друга етничка заедница, иако реално мислам дека се уште не се созреани условите да гласаме за личност, рекол претседателскиот кандидат и градоначалник на Гостивар. Арбен Таравари.
- Европската интеграција, според него, останува главната работа за државата во овој период а првата работа што треба да ја направи претседателот на државата е да добие гаранции од Брисел дека уставните измени се последниот услов и дека по нивното усвојување, влезот на земјата во Унијата ќе биде побрз.
- Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд (МКС), неговата независност и борбата против неказнивоста, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи, откако обвинителот на судот побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот министер за одбрана Јоав Галант и тројца лидери на Хамас.
- Се придружи и Белгија чиј шеф на дипломатијата порача: „Злосторствата извршени во Газа мора да бидат кривично гонети на највисоко ниво, без оглед на сторителите.
- Барањето на обвинителот на Хаг, американскиот претседател го нападна како срамно и шокантно.
- Сојузниците од ЕУ и НАТО ќе се најдат во комплицирана дипломатска позиција при произнесување по ова прашање.